ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Минатата недела Папата одржа литургија пред камери, кај нас тврдат дека ниту лажичката за причест немало да ја менуваат!

Само кај нас самоволието на клерот е на стероиди и во ек на пандемија не отстапуваат од штетните практики со кои црквите свесно ќе ги претворат во нови жаришта на корона вирус.

April 15, 2020 20:36
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Руската православна црква им нареди на црквите да ги затворат своите врати пред Светата недела.

Во Грција, синодот сам ѝ предложи на Владата да се затворат храмовите за верниците, не за свештениците, а таа го прифати таквиот предлог. Исто така, во Грција обвинителството повело постапки за двајца свештеници кои, спротивно на мерките, извршувале причести во домови на верници.

Минатата недела Папата одржа литургија пред камери, додека верниците беа во своите домови, не во храмовите.

Само кај нас самоволието на клерот е на стероиди и во ек на пандемија не отстапуваат од штетните практики со кои црквите свесно ќе ги претворат во нови жаришта на корона вирус. Дури и тврдоглаво тврдат дека ниту лажичката за причест немало да ја менуваат.

Далеку од доволни се насоки и препораки за останување дома и неодење на црква за народ од кој значителен дел верува во нелогични теории на заговор, дека вирусот е измислен за полесно да поминувале мигранти [!] или полесно да се поставувала 5G мрежа [!]

Далеку од доволни се и срамежливи апели до црковното лидерство кое е тврдокорно во своите намери да оди спротивно на здравиот разум.

Посетата на црквите само во петок наутро, кога нема полициски час, а кога илјадници граѓани ќе се пикаат под една двометарска маса и ќе бакнуваат икони, значи само дека за две недели може да нè очекува пандемиски врв со трагични размери.

Потребни се конкретни и строги санкции за религиозните институции, кои се однесуваат поопако и од самиот вирус.

Кристина Костова

Next Post

Костов: Околу 70 проценти од капицететот на ГОБ „8 Септември“ наменет за лекување на пациeнти со Ковид-19

Shortcut

Најново

Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk