ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Костов: Околу 70 проценти од капицететот на ГОБ „8 Септември“ наменет за лекување на пациeнти со Ковид-19

Извршена е реорганизација во болницата и капацитетот се проширува согласно бројот на пациенти кои ќе се јават во Тријажниот центар, а кои доаѓаат од целата држава.

April 15, 2020 20:41
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 28 пациенти заболени од корона вирус досега биле примени во Градската општа боница „8 Септември“, која од 22 март официјално со одредба на Владата и на Министерството за здравство е официјален тријажен центар за пациенти со Ковид 19 во земјава. Од таа бројка, тројца пациенти починале, а една 26-годишна пациентка е излекувана, изјави вечерва директорот на Градската општа болница, Христијан Костов.

Во гостување во емсијата Топ тема на ТВ Телма Костов рече дека е извршена реорганизација во болницата и дека капацитетот се проширува согласно бројот на пациенти кои ќе се јават во Тријажниот центар,а кои доаѓаат од целата држава.

– Почнавме со една третина, а сега околу 70  отсто од капацитетот на болницата е во служба на оваа болест. Што се оденсува за интензивното лекување во моментот имаме 15 респиратори, имаме шест пациенти кои се позитивни и се на респираторни машини, меѓутоа во интензивниот карантински дел кој е одвоен за пациентите позитивни на корона вирусот има вкупно 16 места каде би можело да се постават респиратори. Во болницата има вкупно 50 такви места со довод на кислород каде би можел да се постави респиратор. Сега за сега еден мал дел од капацитетит е искористен, вели Костов.

Сега за сега, вели, немаат потреба од поголем број респиратори, но се во корелација со МЗ и дококу има потреба веднаш би се донеле.

Во однос на персоналот на одделот за интензивна нега појасни дека се направени неколку групи од персоналот на интензивна нега на одделите за хирургија,, интерна и на неврологија кои доаѓаат во смени и работат според протоколите, а секое медицинско лице си носи соодветна заштитна опрема согласно протоколите на СЗО.

– Ние ги имаме протоколите според СЗО и МЗ и точно се знае кој од медицинскиот персонакл во кој дел и каква опрема носи. Во тријажниот оддел е едно ниво на заштитна опрема, во колку е оддел каде се ниско суспектни со лесна клиничка слика тие се со друга заштитна опрема и еден дел кои се кај позитивните од корона вирусот  тие се со највисоко ниво на заштитна опрема, подвлекува директорот на болницата.

Во однос на опремата, тој посочува дека сега се добро снабдени со заштитна опрема, нешто добиле на тендерска процедура, дел од МЗ кое има залихи, но и од приватни фирми и поединци кои им донираат таква опрема.

Инаку, од персоналот досега позитивни на Ковид се една медицинска сестра и еден болничар, кои се со лесна клиничка слика и се на домашно лекување

Како тријажен центар кој прима пацинети од цела држава кои се итни случаи, доколку е потребна каква било хируршка или медицинска интервенција, а најчесто се, вели Костов, инфаркти, и ако станува збор за лица од суспектни подрачја, тогаш лицето го третираат како да е позитивно на корона, ја извршуваат интервенцијата и потоа му се зема брис резултатите ги добиваат за 12 до 24 часа, бидејќи имаат предност при изработката на тестовите во ИЈЗ и ЦЈЗ.

Next Post

Сугарески на ФБ: Лесно е да се критикува „ради-реда”, без да се носи никаква одговорност

Shortcut

Најново

Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

Четири активни пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати

August 27, 2026
Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk