Откако во јавноста беа споделени информациите дек градоначалникот на куманово, Максим Димитриевски е позитивен на Ковид-19, вицепремиерот Бујар Османи, кој меѓу другите беше присутен на средбата со кумановскиот Кризен штаб, објави дека поради превентивни причини нема да присуствува на денешната средба на Советот за безбедност кој ќе се одржи во претседателската вила на Водно.
Во објавата на фејсбук Османи наведува:
По позитивната потврда за СОVID-19 на Градоначалникот на Куманово, а поради тоа што вчера имавме состанок во општинскиот штаб во Куманово и покрај тоа што цело време бев со лична заштита, маска и ракавици, за кои епидемиолозите сметаат дека се доволни за заштита, решив денес да не одам на состанокот на Советот за безбедност кај Претседателот и да се изолирам до вторник кога тестирањето треба да се направи според протоколите. Посакувам на градоначалникот на Куманово брзо закрепнување како и на сите погодени граѓани и што е можно поскоро да излеземе од оваа состојба заедно.
Бидете здрави!