ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Советот за безбедност ќе одлучува за продолжување на вонредната состојба

Вонредна состојба во траењето 30 дена беше прогласена на 18 март. Тогаш вкупно беа заболени 41 лице.

April 16, 2020 07:04
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Советот за безбедност на Република Северна Македонија денеска ќе одржи седница на која се очекува да расправа и донесе одлука за продолжување на вонредната состојба во земјата за справување со пандемијата на Ковид-19.

Во земјава досега има вкупно 974 дијагностицирани пациенти со Ковид-19, откако вчера беа регистрирани 66 нови случаи. Излечени се 98, а почнаа 45 лица.

Вонредна состојба во траењето 30 дена беше прогласена на 18 март. Тогаш вкупно беа заболени 41 лице.

Владата, на 41-та седница одржана на 14 април донесе одлука до претседателот Пендаровски да достави предлог за продолжување на вонредната состојба, заедно со извештајот за досега преземените активности од државните институции, со кој се аргументира дека за успешно справување со коронавирусот во државата е потребна вонредна состојба.

Претседателот Пендаровски, пред неколку дена најави дека шансите се извесни и големи да се прогласат нови 30 дена вонредна состојба, бидејќи внатрешните состојби кои не ескалираат, но не се значително редуцирани се уште побаруваат ваков тип ангажман од сите надлежни институции и ваков тип на состојба.

На денешната седница, како што соопшти Кабиентот на шефот на државата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски, ќе присуствуваат и вицепремиерот задолжен за европски прашања и национален координатор за странска помош Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче.
Според последните податоци од Министерството за здрваство, на Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби хоспитализирани се вкупно 57, од кои 14 на кислородна поддршка и шест на механичка вентилација.

Во болницата „8 Септември“ вкупно се хопситализирани 34. На респираторна машина се шест пациенти, а осум пациенти се со потешка клиничка слика.

Во Битолската болница се хоспитализрани шест пациенти, сите се во подобрена состојба.

Во болницата во Штип се лекуваат вкупно осум пациенти, сите се стабилни а во домашни услови се следат уште 17 пациенти.

Првиот случај на зазарен со корона вирус во нашата земја беше регистриран на 26 февруари годинава, а полициски час за првпат на целата територија на државата беше воведен на 22 март.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Орашко Кале – милениумско богатство кое тивко исчезнува

May 12, 2025

Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам

May 12, 2025

Алијанса на Албанците на Таравари официјално излегува од Владата

May 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk