ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

9: Филипче и Спасовски: Велигден поминете го дома, родилка позитивна на Ковид-19, лицата со аутизам и секојдневието

Преглед на настаните во 9,00 часот.

April 17, 2020 08:02
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

МИНИСТЕРОТ за Здравство, Венко Филипче истакна дека сценариото за опасност за владините функционери било предвидено следејќи ги примерите во светот каде исто така функционери биле заразени или во опасност да се заразат од корона вирусот.

На ОНЛАЈН прес-конференција, министерот Филипче извести дека кај младиот затвореник кој почина во затворот во Шутка тестот е негативен, но лекарските тимови продолжуваат со работа и ги тестираат другите затвореници во таа институција.

ФИЛИПЧЕ предупреди дека влегуваме во критична фаза со пандемијата КОВИД-19 и секакво групирање по било која основа, можат да ја оптоварат ситуацијата и после две недели да имаме уште еден пик на новозаразени.

СПАСОВСКИ: Во пресрет на Велигденските празници да покажеме одговорност, да останеме дома, да не се собираме, групираме и строго да ги почитуваме заштитните мерки, посебно физичката дистанца од два метра, за да го спречиме ширењето на корона вирусот.

ДОКОЛКУ знаевме дека градоначалникот на Куманово и други членови на Кризниот штаб на Куманово имаат направено тестирање на корона вирусот и чекаат резултати, сигурно дека немаше да се оствари таа работна посета, туку ќе направевме онлајн комуникација. Никој од нас, ниту од мојот кабинет, ниту пак кој било од министрите не беше известен за тоа, изјави премиерот Оливер Спасовски.

ГЛАВНИОТ фактор во борбата против корона вирусот е граѓанинот, тој е херојот во оваа битка порача премиерот Оливер Спасовски во вечерашното издание на емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

НА Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје се породила пациентка за која денеска резултат од тестирање покажал дека е позитивна на корона вирус. Пациентката и за време на приемот и за време на престојот била без симптоми на болеста, но со оглед на тоа што доаѓала од кумановскиот регион била примена и породена во делот за изолација.

ДОБРО утро Денис: Сакајте ги и вклучете ги лицата со аутизам во секојдневието.

ДИРЕКТОРКАТА на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, во гостувањето во емисијата „Вин вин“ на телевизија Телма изјави дека даночните инспектори, после спроведувањето на владините уредби донесени во време на кризата, ќе извршат контроли за да проверат дали се почитуваат економските мерки и дали тие се користат од оние на кои навистина им се неопходни.

УСВОЕНА е Информација за текот на подготовката на Проектот за итно справување со KОВИД-19 во Северна Македонија, а Владата го задолжи Министерството за финансии да аплицира до Светската банка за обезбедување заем за негово спроведување.

Со ОДЛУКАТА на претседателот на Република Северна Македонија да прогласи вонредна состојба на целата територија на државата на истиот ден на кој измина периодот на претходно прогласената вонредна состојба, сите уредби со законска сила донесени од 18 март досега, остануваат во сила и во периодот што го опфаќа новата одлука за вонредна состојба

ВЛАДАТА донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за трговија за време на вонредна состојба за поставување ред и дисциплина при влез и во внатрешноста на објектите во кои се врши трговија во мало-продавници, самопослуги, маркети, пекари и слично (во понатамошниот текст: објекти), за време на траење на вонредната состојба.

ПРИ вршење на јавниот превоз на патници, за време на траење на вонредната состојба, превозникот во возилото е должен да го организира превозот со задолжително одржување на растојание од најмалку два метра меѓу патниците и може да има најмногу 50 отсто патници од вкупниот број седишта, не сметајќи го седиштето на возачот.

Од ДЕНЕС се воведува забрана за движење во шуми и шумско земјиште поради зголемената опасност од појава на пожари на отворен простор.

Во КОСОВО во текот на вчерашниот ден се регистрирани нови 26 случаи на заболени од Ковид-19, како и осуммина кои се излекувани, откако претходно биле дијагностицирани како заразени од новиот корона вирус.

ЈАПОНИЈА прогласи вонредна состојба во целата земја поради влошената состојба предизвикана од епидемијата на корона вирусот.

СООБРАЌАЈОТ на државните патишта се одвива по суви коловози.

ВРЕМЕТО ќе биде сончево и топло со мала облачност и слаб северозападен ветер.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Орашко Кале – милениумско богатство кое тивко исчезнува

May 12, 2025

Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам

May 12, 2025

Алијанса на Албанците на Таравари официјално излегува од Владата

May 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk