пишува: ЈАСМИН РЕЏЕПИ / ЦИВИЛ
Овој месец, на едни им завршува, а на други им започнува постот. Едните порано, другите подоцна ќе ги слават завршувањата на постите.
Но во ова време кога целата држава ни е завиена во црно, кога четириесеттина семејства ги оплакуваат своите најблиски, жртвите од корона вирусот, кога над илјада луѓе се борат за здив, кога илјадници се останати без работа и без плати, се прашувам, што тоа ние славиме?
Како, покрај сите набројани тешки состојби, можеме да мислиме на празници и славења? Дали Бог е задоволен од таков несолидарен, себичен и лицемерен чин? Дали Исус и Мухамед би славеле додека нивните блиски би биле завиени во тага?
Јас си одговорив себеси.
А би сакал да ги видам сите луѓе сплотени и солидарни, да ги прослават своите празници откако ќе заврши здравствената криза, славејќи победа над болеста, во нормални, а не вонредни услови.
#ОстаниДома #СпасиЖивот.