Бројот на починати во Кина од корона вирусот не бил реален и дека вистинската бројка била за 50% поголема.
Агенцијата Франс Прес утрово јави дека Кина го признала манипулирањето со бројките на мртвите во жариштето на епидемијата, Вухан.
Во оваа централнокинеска метропола, која воедно е и прво жариште на пандемијата, од коронавирус починале 1290 лица повеќе од официјалниот број со што бројот на жртвите во Вухан порасна на 3896, од 2579 официјално регистрирани. Во национално ниво во цела Кина бројката од 3342 се уште не е официјално коригирана, но се очекува да стигме до 4600.
АФП ја открила и вистинската слика на кинеските болници која е далеку поразлична од ретушираната и објавена од официјален Пекинг. За новата болница за која се претендираше дека е изградено за рекордно време, сликите на нивниот репортер покажуваат како Кинезите ги преплавиле болниците во времето на епидемијата до тој степен што немал место ни по ходниците.
А. Зеќири