На македонското небо вчеравечер беа забележани низа светли точки подредени како вагони од воз.
Некои успеаа да го сликаат феноменот и да го споделат на социјалните мрежи, што повлече лавина реакции и теории на заговор, генерално од наивци кои секое истражување го прават на Google, YouTube и неколку антиваксерски и рамноземски страни за (не)информираност.
Од поинтересните претпоставки на самоуките експерти, беа оние дека „нѐ прскаат со корона“ (како и да би функционирало тоа), „пуштаат 5G за да нѐ заразат“, а некои беа дури убедени дека станува збор за напад од вонземјани.
Низата светла е феномен наречен „сателитски воз“ и е производ на компанијата на Илон Маск, SpaceX. Намената на сателитите е обезбедување сателитски интернет. Во ниската орбита на Земјата се наоѓаат неколку мали сателити кои „соработуваат“ со предавателите на земја.
Од започнувањето на проектот во 2015 кој чини 10 милијарди долари, лансирани се неколку сателитски прототипи.
Ана Н. Стојчевски