ЈП Водовод и канализација – Скопје, следејќи го технолошкиот развој овозможува пристап до своите услуги на брз, лесен и едноставен начин, со воведување на мобилна апликација. Скопски водовод е првото јавно претпријатијатие во регионот кое ја овозможува оваа услуга за своите корисници. Мобилната апликација е достапна за Android и IOS.
„ДЕНЕСКА исплаќаме над 30 милиони субвенции за 19.050 тутунопроизводителите за реколтата 2019. Сите тутунопроизводители ќе ги добијат субвенциите на своите сметки, но бидејќи се наоѓаме во вонредна состојба во која сите заеднички да придонесеме за заштитата на здравјето, МЗШВ заедно со МФ, одбрана, внатрешни работи и со платежна агенција подготвивме соодветен модел за налинот на исплатата. Со цел да не се создаваат гужви во банките, кога се очекува пикот на коронавирусот во земјата, за оние што немаат платежни картички ќе се одвиваат од 21 апприл заклучно со 24 април петок. За секој ден е направен распоред на исплатата според азбучен ред на презимињата на тутунопроизводители и на правните лица“, рече министерот За земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски на денешната прес конференција.
ПРОЦЕНТИ: Од вкупно 1.117 регистрирани случаи на заболени со Ковид-19 во нашата држава, 71,8 проценти се во три града. Скопје (n=388), Куманово (n=311) и Прилеп (n=103), покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје. Според место на постојано живеење/повремен престој, случаи на Ковид-19 се регистрирани во 21 град низ државата. Најмногу заразени на 100.000 жители се регистрирани во Куманово со 218 заболени, во Дебар 183,8 и во Прилеп 108,1 на 100.000 жители.
УНИВЕРЗИТЕТСКАТА Клиника за детски болести –Скопје информира дека овие рутински тестирања кои се според протоколите за работа поради новонастаната состојба се завршени и резултатите на децата и родителите се негативни на Ковид-19.
ФИЛИПЧЕ: Во мај ќе почнеме да ги опуштаме мерките, да издржиме уште неколку недели за да го вратиме животот во нормала
„КАКО ќе се прилагодуваат мерките така ќе се адаптира и армискиот ангажман. Сите дополнителни агажммани ги правиме исклучиво во соработка со МВР и со министерството за здравство Ќе ги користиме сега можните НАТО линии, не само за опрема и материјал, туку и таму каде што ќе треба асистенција за транспорт од аеродроми во странство“, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната видеосесија „Ретроспектива корона вирус МК“.
ОСМАНИ: Допрва ќе се анализира функционирањето на меѓународниот систем за поддршка и солидарност
ВО првата и втората група мерки на Владата, се одобрени вкупно 254 кредитни апликации во вкупен износ од 2,2 милиони евра, за компании со 2,853 вработени. По структура од вкупно одобрените кредитни апликации, микро компаниите до 10 вработени учествуваат со 69%, малите компании до 50 вработени учествуваат со 28%, а средните компании до 250 учествуваат со 4%“, истакна Оливер Спасовски.