„Имавме предизвик со еден непознат вирус. Го следевме тоа што ни доаѓаше од Кина, или од другите земји. Презедовме мерки какви што никој во регионот не презеде, или ги презедоа подоцна Ги организиравме институциите мултисекторски, и беше добро што почнавме рано“, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната видеосесија „Ретроспектива корона вирус МК“.
„После првиот идентификуван случај на крајот на февруари, превентицните мерки се пренесоа во мерки и протоколи во болниците каде што веќе беа подготвени капацитетите за да се активираат во оваа фаза. Поставивме и мобилна болница и на тој начин двојно го зголемивме бројот на кревети во Клиниката за инфективни болести. Сите превентивни мерки ги презедовме, како и дополнителните како надградба во смисла на рестрикции на движењето, на затворање на објектите од јавен карактер, обезбеди да не се рашири експоненцијалното ширење на вирусот. Така воспоставивме контрола и максимално искористување на капацитетите во болниците. Дури и денеска ние не сме ги пополниле капацитетите во секоја одделна болница во Скопје и во сите други градови“, истакан Филипче.
„Во мај ќе започнеме да ги опуштаме мерки. Вчера имавме состанок со СЗО. Заклучивме дека сите се соочуваат со сериозни последици. По пандемијата животот ќе претрпи промени на глобално ниво и затоа треба да се подготвиме за тој начин на функционирање. Имаме проценки дека во нашата земја со овие трендови ќе го издржиме и секундарниот удар што доаѓа. Да ги издржиме овие мерки и за неколку недели ќе можеме да го враќаме животот во нормала. Нема да биде исто. Многу од препораките за заштита и претпазливост ќе останат. Реорганизација на здравствениот систем и вклучување на матичните лекари и на тој начин да се справиме со секундарниот удар. Секој граѓанин треба да биде свесен зашто врвен приоритет ни е заштитата на здравјето на секој граѓанин“, додаде министерот.