„Како координатор на странската помош, мислам дека тоа што ќе се анализира откако ќе помине ова е како функционираше меѓународниот систем за поддршка и солидарност. Сите беа изненадени, но многу бргу беа овозможени канали за брзи донации пд надвор“, истакна вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи на денешената видеосесија „Ретроспектива: корона вирус МК“ .
„Во првите денови дури и ЕУ беше во шок од силината на ударот. На 14 март донесоа и забрана за извоз од ЕУ за заштитни медицински материјали, мамски и друго. Введнаш испративме писмо од оваа забрана да биде исклучена Северна Македонија. Истото беше и за солидарниот фонд, и со фактот што добивме почеток на преговори, бевме изземени од забраната за извоз на медицинска опрема и пристап до солидарниот фонд на ЕУ. Наградата од 50 милиони евра за нашиот успех во ЕУ интеграциите ни беше одобрен да го пренамениме за поддршка на поволни кредити на малите и среднитепретрпијатија“, додаде Османи.