„Јас бев во комуникација со ИВЗ, и тие одговорија позитивно да ги затворат џамиите. Ќе видиме кои се ризиците за месецот Рамазан и ќе донесеме соодветни одлуки“, одговори вицепремиерот Бујар Османи на новинарско прашање дали после Велигден се очекува пораст на заразените.
Нa истото прашање министерката за одбрана Радмила Шекеринска рече дека се очекувало самите верски заедници да донесат препораки во согласност со владините мерки.
„Денеска ништо не е исто. Ништо што било однесување и навики, потреби не можат да се практикуваат како порано. Сметавме дека самите верски заедници ќе донесат препораки и мерки водејќи се од уставните начела за слободата на вероисповедта. МПЦ издаде соопштение со кое ги повика верниците дома да ги поминат празниците За жал еден дел од црквите не го применуваа тоа правило. Затоа бевме загрижени… Папата ги држеше службите сам. Џабе се сите препораки, ако не се почитуваат. За 8 март не се почитуваа препораките и ги видовме последиците“, објасни Шекеринска.
„Ние донесовме мерки на време со медицинска оправданост. Затоа апсолутно секој треба да ги почитува. Ова однесување ќе биде модел на однесување и за иднина“, истакна министерот за здравство Венко Филипче.