„Армијата беше вклучена многу бргу. Особено од моментот во Дебар беше прогласена криза состојба. Нашите армиски структури даваа посебна асистенција во многу општини во спроведувањето на дезинфекцијата зашто ние имаме посебна единица за таа намена Инжинерсикиот центар за полската болница Армијата помага за да можат сите други институции да помагаат“, истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната видеосесија „Ретроспектива корона вирус МК“.
„Како ќе се прилагодуваат мерките така ќе се адаптира и армискиот ангажман. Сите дополнителни агажммани ги правиме исклучиво во соработка со МВР и со миниистерството за здравство Ќе ги користиме сега можните НАТО линии, не само за опрема и материјал, туку и таму каде што ќе треба асистенција за транспорт од аеродроми во странство“, додаде таа.