ГРАЃАНИТЕ со поделени очекувања околу можноста идната година да се организира попис во нашата земја, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на Република Косово, Хашим Тачи најави дека идната недела ќе ги преземе дејствијата, согласно неговите уставни овластувања, за формирање нова влада на Косово, со оглед дека сегашната влада е во оставка, откако на 25 март ѝ беше изгласана недоверба од Собранието.
НИШТО не може да ги спречи жителите од германскиот град Лаутербах, кој се наоѓа блиску до германско-француската граница, да дојдат до нивните омилени француски багети, дури и во време на епидемија.
ЧЕТИРИЕСЕТ и четири припадници на екстремистичката група Боко Харам починале во затвор во Чад, најверојатно откако биле отруени со непозната супстанца.
ТРАГИ на Ковид-19 се откриени во водоводната мрежа на техничка вода во Париз, што служи за чистење на улиците, но според градските власти „нема никакви ризици за водата за пиење“.
СЛАВНАТА двојка Мила Кунис и Ештон Кучер лансираат „карантинско“ вино за продажба, а средствата се наменети за борба против корона вирусот.
АМЕРИКАНСКИОТ потпретседател Мајк Пенс денеска изјави дека во моментов во земјата дневно се прават по 150.000 тестови на корона вирус.
СПОРЕД најновите податоци, во светот со новиот корона вирус досега се заразени вкупно 2.372.991 лицa. Од нив починати се 163.636, а оздравеле 611.747 луѓе.