Ништо не може да ги спречи жителите од германскиот град Лаутербах, кој се наоѓа блиску до германско-француската граница, да дојдат до нивните омилени француски багети, дури и во време на епидемија.
Љубителите на овој француски леб наоѓаат креативни начини како да се снабдат со специфичното пециво.
Жителите на градот Лаутербах имаат постојана навика „да тркнат“ до соседниот француски град Карлинг за да си купат кроасани, па откако границите се затворени, жителите наоѓаат креативни начини како да добијат багет.
Потрошувачите си нарачуваат преку телефон, а потоа некој од пекарите кои ги прават багетите оди до преградената граница и им ги дава нарачките на муштериите.
За да се избегне физичкиот контакт и да се почитуваат препораките, еден жител на германскиот град си ги подигна багетите со трска за ловење риби.
Извор: Yahoo News