Министерот за здравство Филипче преку Фејсбук на сите верници од православна вероисповед им го честита Велигден.
„Ви го честитам најголемиот христијански празник, и ви посакувам многу, здравје, радост, успех и слога! Оваа година прославуваме различно, без големи собири и дружења. Но, празникот е време да се потсетиме кои работи се важни во животот и да се потсетиме на вистинските вредности.
Една од најважните работи кои секогаш е дел од сите честитки, е доброто здрваје. Иако редовно го посакуваме, често забораваме да го заштитиме или да се грижиме за него.
Нека овој празник нѐ потсети колку е важно да се грижиме за нашето здравје, но и здравјето на сите околу нас.
Колку е важно да сме одговорни за себе, но и за другите.
Колку е важно колективното наспроти индивидуалното.
Сакам уште еднаш да ви се заблагодарам за тоа што ги почитувате мерките и што секој придоенсува да го заштитиме јавното здравје. Ви посакувам добро здравје и мир. Од вас барам само разбирање за сите ограничувања кои ги наметнавме, тие беа исклучиво во заштита на здравјето на сите.
Нека ни е честит празникот.“, напиша министерот Филипче во честитката за Велигден.