Во 885 година во Моравија починал Методиј Солунски, постар брат на Константин Филозоф – Кирил, двајцата македонски и сесловенски учители и просветители.
Создавајќи ја првата словенска азбука, преведувајќи ги на словенски јазик најпотребните богослужбени книги, издигнувајќи еден македонски говор на прв словенски книжевен јазик и формирајќи силни следбеници, како што беа нивните ученици Климент Охридски, Константин Брегалнички и други словенски просветители, Кирил и Методиј станале најзаслужни за словенската просвета, богослужба и култура. Методија е роден околу 825 година.
На денешен ден 1906 година во Париз починал Пјер Кири, француски физичар и хемичар. Заедно со својата сопруга Марија Кири ги удрил темелите на науката за радиоактивноста, пронаоѓајќи два важни елемента: радиумот и полониумот. Роден бил во 1859 година.