„Незначителни траги“ на Ковид-19 се откриени во водоводната мрежа на техничка вода во Париз, што служи за чистење на улиците, но според градските власти „нема никакви ризици за водата за пиење“, јави дописникот на МИА.
Лабораторијата на главната режија за вода на градот Париз последниве 24 часа откри присуство на незначителни траги од вирусот Ковид-19 во водоводната мрежа на техничка вода на 4 од 27 места каде се земаат примероци за тестирање.
Пронаоѓањето на траги од вирусот веднаш ја наведе општината итно да го прекине користењето на водата, како мерка на претпазливост.
Водата за пиење е во друга мрежа, што е целосно независна, и во неа нема траги од вирусот Ковид-19 и може да се консумира без ризици, тврди општината