ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

EП: Земјите од Западен Балкан треба да имаат корист од фондовите на ЕУ

Европратениците сметаат дека целосното членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ е крајната цел, тие се против намалувањето на фондовите за претпристапната помош и сметаат дека треба да се направат напори за решавање на билатералните прашања во регионот.

April 20, 2020 19:04
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент ја усвои препораката на хрватскиот европратреник Тонино Пицула за Западен Балкан во пресрет на самитот ЕУ-Западен Балкан 2020, јави дописникот на МИА.

Препораките беа усвоени со 58 гласа „за“, 7 „против“ и 5 „воздржани“. Тие ќе бидат доставени и треба да бидат потврдени на пленарна сесија од Европскиот парламент на една од следните сесии.

-Овој извештај е јасен знак за поддршката на Европскиот парламент на аспирациите и напорите на земјите од Западен Балкан да станат членки на ЕУ, откако ќе се исполнат сите критериуми. Исто така тој е јасен знак дека ние општо го поддржуваме продолжувањето на процесот на проширување, бидејќи тоа е една од најуспешните политики на ЕУ. Политиката за проширување е исто така предуслов за промовирање на присуството на ЕУ и нејзиниот стратешки интерес за Западен Балкан, така што проширувањето треба да се сметаа дека е од заеднички интереси, изјави известувачот на ЕП Тонино Пицула (Социјалисти и демократи)

Европратениците сметаат дека целосното членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ е крајната цел, тие се против намалувањето на фондовите за претпристапната помош и сметаат дека треба да се направат напори за решавање на билатералните прашања во регионот.

Односно, тие сметаат, дека треба да се остави отвроена вратата на ЕУ за земјите од Западен Балкан и дека тоа е од сопствен политички, безбедносен и економски интерес на Европската унија.

Европратениците од Комисијата за надворешни работи, понатаму велат дека ЕУ треба да обезбеди нејзината методологија за проширување да ги поддржува реформите и да го одржува полноправното членство како крајна цел за земјите кандидати

-Одлуката за отворање разговори за пристап со Северна Македонија и Албанија  беше во политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ, велат европратениците.

Тие, исто така, ја повикуваат ЕУ што поскоро да му даде визна либерализација на Косово, како и да ги вклучи тесно претставниците на земјите од Западен Балкан во заедничките европски иницијативи (на пр. секторските политики и програми) пред нивното пристапување, во што се подразбира и Конференцијата за иднината на Европа.

Европратениците бараат од ЕУ треба да обезбеди реформите во Западен Балкан да се фокусираат на градењето на државните капацитети, спроведувањето на судските пресуди, судските реформи и напорите за борба против корупцијата и организираниот криминал. ЕУ, според нив  треба се повеќе да се вклучи во решавање на билатералните прашања во регионот, промовирање на добрососедски односи и регионална соработка.

Европратениците се спротивставуваат на секое намалување на финансирањето на претпристапната помош, бидејќи тоа може да ги забави реформите поврзани со ЕУ.

-ЕУ треба да даде приоритет на специфични проекти во корист на луѓето од Западен Балкан и да обезбеди претпристапното финансирање да се распредели на транспарентен, пропорционален и недискриминаторски начин, засновано врз индикатори за успешност што го мерат напредокот на земјите-кориснички во спроведувањето на реформите, се вели во препораката на Комисијата за надворешни работи на ЕП.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат

July 19, 2025
Марш за ангелите, Кочани. Фото: МИА

Петнаесетии Марш за ангелите во Кочани: Родителите ги исвиркаа институциите – никој не може да не сопре да додјдеме до вистината

July 19, 2025
Фото: МИА

Ер трактори ќе го гаснат пожарот помеѓу Желино и Еребино, затворен за сообраќај регионалниот пат Тетово – Скопје

July 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флора имагинариум на Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонското здравство недостигаат 6.000 медицински сестри, тврди Унијата на здруженија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРОВСКА ПРОПАГАНДНА КУЈНА: Туѓото е послатко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk