ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

„Златна треска“ во бугарскиот град Царево – по поплавите исчезна сеф со милиони и злато

October 5, 2025 17:05
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Фото: БТА

Фото: БТА

Share on FacebookShare on Twitter

Приморскиот бугарски град Царево од изутрината е под зголемена полициска контрола откако во јавноста се прошири информацијата за исчезнат сеф со 2.000.000 лева и златни прачки, по катастрофалните поплави и силното невереме што викендов ја зафатија Бугарија. Веста, како што пренесуваат бугарските медиуми, предизвика невидена „златна треска“ на јужниот брег на Црното Море.

Властите презедоа строги мерки за ограничување на пристапот до плажите, претворајќи ги во забранета зона за стотици авантуристи кои доаѓаат со надеж дека брзо и лесно ќе се збогатат.

Градоначалникот на општина Царево, Марин Киров, потврди дека банкноти се појавиле на една од плажите по катастрофалните полави, но нивното потекло сè уште не е утврдено.

– Се тврди дека поплавниот бран однел метален сеф од локалната компанија за тешка механизација „Авто Јани“, во кој имало документи за камиони, багери и евентуално пари. Немам информации за тоа што е регистрирано во полицијата, како штета, и дали воопшто е регистрирано. Нема начин со сигурност да се знае дали банкнотите доаѓаат од сефот на оваа компанија, рече градоначалникот.

Тој истакна дека Општина Царево на никаков начин не е вклучена во овој случај. На прашањето дали нуркачи го бараат сефот во морето, Киров објасни дека денеска, додека бил со екипите што спроведуваат превентивни активности за новото невреме што го најавуваат метеоролозите, забележал нуркачи во морето, но не знае со која цел.

Од раните утрински часови, поставени се контролни пунктови на сите влезови во Царево. Полициските патроли темелно проверуваат секој автомобил и не дозволуваат влез во градот на никого кој не може да докаже валидна причина за својата посета. Целта е да се запрат „ловците на богатство“ кои ја запоседнаа плажата во потрага по сефот и златото.

Во обемната операција е вклучена тешка механизација, вклучувајќи багер кој пребарува тони песок и тиња, како и тим професионални нуркачи кои го истражуваат морското дно во близина на брегот.

Tags: бугаријазлатна трескапоплавиСЕФ
Next Post

Меџити и архитектот Бајрам Вардар го претставија Мастер планот за Чаир

Shortcut

Најново

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk