Папата Францис ги повика политичарите да ги тргнат на страна партиските интереси со цел обединети да се соочат со кризата заради пандемијата.
Приватните маси на папата последните 6 недели се пренесуваат на телевизиите во Италија, наместо пред огромни толпи верници. Секој пат тој одбира тема на која збори, се заблагодарува на оние кои се на прва линија на фронтот против заразата и сите оние кои поинаку помагаат.
Денес се молиме за мажите и жените во политиката, започна Папата, додавајќи дека „политиката во поширока смисла е како добротворна работа.“
Без да именува ниту еден лидер на било која земја, Папата во празната сала рече „се молиме за политичките партии од разни земји, во време на пандемијата да се здружат во напорите и да работат за доброто на своите земји, а не за доброто на своите партии“ – рече Папата.
Извор: Reuters