ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Поскапата акциза ќе го полни буџетот за борба против корона вирусот

Трите денари од повисоката акциза за нафтените деривати одат директно во буџетот за справување со коронавирусот, промената е незначителна бидејќи горивата поевтинија за 20 денари по литар од јануари до сега

April 21, 2020 15:13
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Согласно Уредбата што денес ја усвои Владата, цената на акцизата на нафтените деривати опфатени со неа се зголемува за 3 денари.

Од Владата велат дека уредбата е донесена за да се ублажуват економските последици од зголемените трошоци за справување со коронавирусот КОВИД-19 и обезбедување средства за редовно сервисирање на буџетските потреби, а имајќи ја предвид вонредната состојба во државата и забраните и ограничувањата за движење на населението, економските состојби во државата и намалената потрошувачка на горива во периодот на вонредната состојба, како и драстично намалената малопродажна цена на горивата на пазарот.

Трите денари од повисоката акциза за нафтените деривати одат директно во буџетот за справување со коронавирусот, промената е незначителна бидејќи горивата поевтинија за 20 денари по литар од јануари до сега, известуваат од Владата.

На денешната прес-конференција портпаролот Муамед Хоџа истакна дека зголемувањето на акцизата на нафтата за три денари е антикризна мерка, донесена по предлог на Министерството за финансии, во претходни консултации со експерти и со сите засегнати страни. Тој нагласи дека пред да се донесе ваквата одлука, земени се предвид сите совети и анализи направени од експерти, од вработени во Министерството за финансии и во Владата, како и од сите други засегнати страни, напомена Хоџа.

„Во една ситуација кога од една страна имаме дополнителни расходи кои се појавуваат но не биле предвидени, а од друга страна имаме намалување на приходите заради пандемијата со КОВИД-19, во овој случај имаме и намалување на обемот на побарување на гориво и се појавува финансиска празнина која што некој треба да ја пополни. Ова е една можност која Влада ја гледа дека и со зголемување на акцизата се прават финансиски средства кои секако ќе одат во борба против пандемијата. Овие средства ќе се влеваат во буџетот и ќе одат за здравствениот систем, за полицијата, за војската или други потреби кои секако државата ги планирала, или и во поддршка на самите бизниси. Вие знаете дека со владините пакет мерки една голема сума се планирани да одат и во поддршка на бизнисите.“, вели за ФРОНТЛАЈН Фатмир Битиќи, советникот во Кабинетот на Премиерот на Република Северна Македонија.

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески пред една недела изјави дека со покачувањето на акцизата директно ќе се влеат пари во буџетот, а не во фирмите и дека не може да не се размислува како истиот да се полни. Според СКМ,  во овие моменти на криза, оваа мерка е повеќе од потреба за да се наполни приходната страна на буџетот

„Евентуалното зголемување на акцизите за нафтените деривати нема да предизвика инфлација или каква било ценовна спирала“, смета првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски.

Во неделното интервју за радио Слободна Европа тој објаснува дека Комисијата ја поддржала иницијативата акцизата за екстра лесно гориво да се изедначи со акцизата за дизелот, бидејќи се реални злоупотребите во однос на екстра лесното гориво или популарно наречената црвена нафта, што пак создава дупки во буџетот поради разликата од 9 денари во самата акциза.

Транспортните компании и населението нема да трпат дополнителни финансиски импликации

Портпаролот Хоџа истакна дека зголемувањето на акцизата за три денари нема да предизвика дополнителни финансиски импликации врз компаниите и населението, ниту, како што рече, од тоа ќе трпат транспортната или другите дејности зашто цената на нафтата е намалена за 20 денари. Сите средства од зголемената акциза ќе одат во државниот Буџет, односно во Фондот за справување со коронавирусот за поддршка и финансирање на мерки за поддршка на стопанството и социјалните мерки за поддршка на граѓаните.

Тврдењата дека зголемувањето на акцизата ќе се одрази негативно на цените и дека ќе трпи транспортната, или другите дејности врзани за нафтените енергенси, се финансиски неоправдани и неосновани, а во услови кога цената на нафтата е падната за 20 денари, зголемување на акцизата од 3 денари во услови на криза е оправдано и истото нема да се одрази на цените на транспортните услуги. Напротив транспортните компании на почетокот на годината кога ги креирале своите финансиски планови не предвиделе ваков пад на нафтата, согласно тоа истите веќе остваруваат заштеди по основ на цените на нафтата кои ги плаќаат, дополни портпаролот Хоџа..

Од почетокот на годината, цената на нафтата е падната за околу 20 денари по литар.

Проекциите врз буџетот со зголемената акциза до септември, или до декември

Доколку цените на акцизите се зголемат за 3 денари до септември, при истото драстично намалено ниво на потрошувачка ќе се покријат 18 милиони евра т.е намалувањето ќе биде 12 милиони евра. Или, во буџетот по основ на акциза за нафтени деривати ќе има 228 милиони евра , односно 12 милиони или -7,5% помалку споредено со 2019.

Ако цените на акцизите се зголемат за 3 денари до декември, ќе се покријат 31 милиони евра, или 241 милион евра т.е. на годишно ниво ќе има плус 1 милион евра споредено до 2019 година, но секако сѐ уште помалку за околу 14 милиони евра споредено со планот за 2020 или проектирани 255 милиони евра по основ на акциза за нафта.

Најниската цена на акцизата за нафтени деривати во ЕУ е утврдена на 0.33 еур по литар.

Имаме најниска цена на акцизата во споредба со висината на акцизата со другите земји спрема поставениот минимум во ЕУ.

Цената на акцизата на Еуродизел БС во нашата земја изнесува 15,12 денари, за разлика од Романија каде што таа е 21,05 денари, потоа во Црна Гора каде што изнесува 27,08 денари, или во Бугарија каде што изнесува 20,33 денари.

Македонија има најниска цена на нафта во регионот.

Тоа е јасно видливо и од табелата каде што е прикажана споредбата на цена со земјите од регионот.

Цените на Еуросуперот 95 и Еуродизелот БС во нашата земја изнесуваат 48 и 45 денари, додека во Бугарија се со цена од 58 и 61 денар, а во Србија со цена од 73 денари за двата вида гориво.

Во Косово, Албанија и Грција цените се уште повисоки во однос на цените во нашата земја.

Предложената мерка наиде на отпор од Комората на Северозападна Македонија, Федерацијата на фармери, транспортното здружение „Макамтранс“, а оваа мерка е критикувана и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Ј. Ѓ.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: ВОА

Kривична пријава за Љубомир Фрчкоски и уште три лица, според Фрчковски пријавата е срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

Дуковски: Казната е превисока, Судот не ги ценеше во доволна мера искреното каење и личноста на сторителот

May 13, 2025

Муцунски: Економската и трговската соработка во фокус на средбата со државниот секретар Хакан Јеврел

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блумберг“: Трамп станува сојузник на Европа во мировната офанзива за Украина, се спремаат „поразителни“ за Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk