Цената на нафтените деривати во нашата земја е убедливо најевтина. Конкретно цената на дизелот во Албанија каде што е 0,75 евро центи е за 1.34 евро центи или 36 денари поскап од кај нас, во Србија е за 1.25 евро центи, Бугарија околу 1 евро.-посочи во „Топ тема“ на ТВ Телма, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски Реално имаме една од најниските цени во Европа на нафтените деривати,и најниска цена споредено со сите земји членки на ЕУ.
Единствено Русија и Белорусија имаат пониска цена од нас, истакна Бислимовски.
Исто така, Бислимовски изјави и дека потрошувачката на нафтени деривати е намалена за приближно 40 проценти.
„Приходите се намалени, некаде според тие анализи што ги слушаме, споредбено со истиот овој период од минатата година, за десетина до 15 милиони евра. Но исто така има и дополнително намалување поради драстичното намалување на цените и на бензините и на дизелот. Имаме сериозно намалување на цените. Не е тоа поради некое влијание на нашата држава или на регулаторната комисија за енергетика, едноставно такви беа случувањата на светските берзи. Значи какви ќе бидат случувањата на светски берзи, и кога расте и кога опаѓа цената на нафтата, ние тоа го ефектуираме во нашата методологија“, наведува Бислимовски.