Владата на вчерашната седница донесе одлука за зголемување цената на акцизата за нафтените деривати за три денари како мерка за справување со кризата предизвикана од корона вирусот. Средствата од зголемувањето на акцизата ќе одат во Фондот за справување со коронавирусот за финансирање на мерки за поддршка на стопанството и мерки насочени кон граѓаните. Во прилог на појаснување на ваквата одлука на Владата, разговаравме со Фатмир Битиќи, советник во Владата на РСМ.
Како ќе влијае зголемувањето на акцизата врз економијата на државата?
Здраво, односно мислам дека секогаш зголемувањето на акцизата, имаме тенденција да кажеме дека влијае на економијата на државата, треба да се рече дека за прв пат, една владина одлука која се однесува на зголемување на акцизата мислам дека нема да има негативна импликација во економијата, заради една причина, зголемувањето на акцизата во овој момент доаѓа, кога горивата се некаде околу 40 проценти од цената по ниски отколку да речеме што беа пред еден месец и трендот на цените на нафтата во светот се во постојан пад, и проценките на владата но и на секој кој ги прати глобалните движења особено во светските берзи, велат дека цените на горивата ќе останат на сегашното ниво. Можеби и ќе паѓаат, затоа што побарувачката на горива на светско ниво е многу ниско. И затоа не мислам дека ќе влијае до толку врз економијата во негативна смисла. Напротив можеме да речеме дека намалувањето на цените на горивата без разлика на моменталното зголемување на акцизата за многу мала вредност и ви го кажувам ова во различни пресметки, зголемувањето на акцизата од ниската вредност моментално е околу 10 проценти. Така што секторите кои обично се поголемите корисници но и самите приватни корисници, како што се луѓето кои користат автомобили, реално, сеуште ќе плаќаат пониска цена на горивото за околу 30 проценти од што плаќале претходно.
Врз кои сектори од бизнисот ќе влијае ова зголемување?
Обично секторот за транспорт е примарен кој, бидејќи за главно гориво или главен импут во нивната работа како гориво користат нафта тие се склони да бидат по погодени. Повторно велам, првичниот коментар кој беше, не мислам дека ова ќе направи таква дисторзија на пазарот и нивните финансиски планови во негативна смисла, затоа што тие во овој момент се во посакувана позиција. Слушнав пред неколку дена дека секторот за транспорт се жали дека во моментов имаме проблем со секторот за транспорт особено со транспортот на патници заради кризата со КОВИД-19, е во еден друг колапс затоа што тие не превезуваат патници заради нивните моментални ограничувања. Но транспортот на добра продолжува како таков и мислам дека е многу тешко да се каже дека тие ќе имаат загуба или тоа ќе влијае негативно на нивните финансиски планови затоа што зголемувањето е минимално, и моменталното зголемување кое владата го донесе денес е направено на начин, дека ако евентуално дојде до зголемување на цената на горивата и моменталната привремена акциза ќе се намали.
Така што велам дека ако се вратиме на нормалните цени на горивата, акцизата ќе биде таа што била, затоа и не можам да кажам дека нивните финансиски планови ќе бидат под негативно влијание.
Зошто Владата се одлучи за ваков чекор во време на пандемија како што е корона вирусот?
Ова е навистина една широка дискусија, но треба да разбереме едно нешто – дека владата го носи најголемиот товар во оваа пандемија, таа треба да ги гледа двете страни и страната на приходи во буџетот, како се полни буџетот но и страната на трошењето како различни буџетски категории, но не само како ќе се трошат. Ние како држава, но и на светско ниво, пандемијата со КОВИД-19 е нешто што не беше предвидено речиси ни една економија и од ниту една држава во светот. И во една таква ситуација кога од страна на расходите, дополнителните расходи кои се појавуваат но не биле предвидени, а од друга страна, имаме намалување на приходите заради пандемијата КОВИД-19, во овој случај имаме намалување на обемот на побарување на гориво се појавува финансиска празнина која што некој треба да ја пополни. Ова е една можност која Владата ја гледа дека и со зголемување на акцизата се прават финансиски средства кои секако ќе одат во борба против пандемијата КОВИД-19. Овие средства ќе се влеваат во буџетот и ќе одат за здравствениот систем, за полицијата, за војската или други потреби кои секако државата ги планирала, или и во поддршка на самите бизниси. Вие знаете дека со владините пакет мерки една голема сума се планирани да одат во поддршка на бизнисите.
Дали може да дојде до инфлација во државата со зголемување на цената на горивата?
Јас мислам дека овие нормални дискусии во нормални времиња, ние имаме не нормално однесување на сите во време на пандемија, прашањето би се поставило спротивно, дали ќе имаме дефлација на цените во нормална ситуација кога имаме пад на цените на горивата. Како за илустрација една единица гориво кошташе 100 единици за да се купи, имаме 40 проценти намалување на цената на горивото, наместо да се плати 100 се плаќа 60 во моментов, што ви значело можеби крајниот производ на консумирање би требало исто така да биде намален. Напротив, во време на пандемија имавме зголемување на цените од трговците и тие кои работат главно со прехранбени производи што беше чуден нивниот однос. Затоа велам дека ова минимално зголемување на акцизата мислам дека нема да влијае и не треба да има големи поместувања во цените, а да не зборуваме за инфлација. Ако ова се случи мислам дека државата ќе треба да интервенира како што интервенираше во вештачкото зголемување на цените на почетокот на кризата пред неколку недели кога имавме производи со вештачко зголемување кои некои трговци го видоа тоа како можност, се обидоа да ги зголемат цените иако немаше причина за такво нешто. Затоа мислам дека и граѓаните и бизнисмените треба да бидат навистина смирени во време на криза и да речат дека ја разбираат ситуацијата, и да се обидеме сите да учествуваме за што полесно да ја поминеме оваа ситуација. Кога ќе се вратиме во нормална ситуација ќе треба да дискутираме понормално од колку за време на криза.
Разговорот го водеше Ариан Мехмети