ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Чулев сѐ уште не го санкционирал советникот кој направи инцидент во Тетово за време на полициски час

Чулев тврди дека се постапува, но не и дека е утврдено прекршување направено од неговиот советник, ниту пак, дека му е изречена санкција.

April 22, 2020 09:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Според извори на А1он, министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, сѐ уште нема соодветно постапено во врска со советникот кој без овластувања и надвор од своите професионални должности некоректно постапувал кон полициски службеник задолжен за одржување на јавниот ред и мир во време на полициски час во Тетово.

Министерот за внатрешни работи, Чулев, по скоро еден месец од инцидентот кој го предизвика неговиот советник Зоран Ѓорѓиевски во Тетово за време на полициски час, во телевизиско интервју го потврди настанот. Тој кажа дека за инцидентот е известен и Одделот за внатрешна контрола, иако претходно, од неговиот кабинет за „А1он“ тврдеа дека не е евидентиран таков настан, ниту пак е доставена белешка до министерот. Сега, Чулев тврди дека се постапува, но не и дека е утврдено прекршување направено од неговиот советник, ниту пак, дека му е изречена санкција. Министерот вели дека Ѓорѓиевски е пријавен бидејќи несоодветно ја обавувал контролата на полицијата, која пак, го контролирала полицискиот час.

„До овој момент во Одделот за внатрешна контрола нема пријавено ваков настан ниту е доставен некаков службен материјал во врска со ова. До денес до Кабинетот на Министерот за внатрешни работи нема доставено никаква службена белешка или било каков материјал за известување на настанот“, одговорија накратко од Кабинетот на Чулев два дена по инцидентот, односно пред скоро еден месец.

Во изминатиот период од еден месец, редакцијата на „А1он“ трипати бараше одговор од Кабинетот на министерот Чулев за тоа што пишува во службената белешка која полициски службеник од БПС Тетово ја напишал, откако Ѓорѓиевски дерејќи му се заканувал дека ќе трпи последици затоа што го сопрел со возилото за време на полицискиот час, но оттаму молчеа.

Но покрај тоа, министерот Чулев кој во телевизиското интервју тврдеше дека неговиот советник вршел контрола врз полицијата, не објасни дали според систематизацијата и Законот за внатрешни работи, Ѓорѓиевски смеел да извршува такви задачи и кој ја дал таквата наредба. Притоа, според извори на „А1он“, советникот Ѓорѓиевски бурно реагирал откако бил сопрен со возилото, за дури потоа да го натера полицаецот да се повлече во станица. Чулев во гостувањето не објасни дали смеел, зошто и по кој основ била издадена наредбата за повлекување од страна на советникот Ѓорѓиевски до полицискиот служебеник.

Систематизацијата во МВР е тајна, но познавачи на истата, велат дека советникот има соодветна функција и надлежност само во Кабинетот на министерот, како и дека тој не може да врши контрола на полициски службеници и да им издава наредби, бидејќи за тоа е задолжен старешината.

Одговори од Кабинетот на министерот Чулев на прашањата од „А1он“  и натаму нема. Оттаму молчат и за тоа, дали некој се обидувал да ја сокрие службената белешка поднесена против советникот, бидејќи претходно Одделот за внатрешна контрола ја немаше добиено, ниту пак, беше постапувано по истата.

 

Next Post

Рекордeн раст нa приходите на Нетфликс

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk