Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува иницијативата за свикување на распуштениот парламент. Како што велат од оваа пратеничка група, која се издвои од ДПМНЕ откако ги поддржа уставните измени, државата се наоѓа во вонредба состојба која пратениците треба да ја потврдат.
„Свикувањето на веќе распуштениот парламент е согласно уставот. Во ваква ситуација, потребна е зголемена контрола од страна на пратениците врз владата, која сега носи уредби со законска сила“, велат од пратеничката група.
Инаку, иницијативата на СДСМ за свикување на парламентот ја отфрли ВМРО-ДПМНЕ, додека се уште јасно не се изјасни ДУИ, од каде најавуваат дека тоа ќе го сторат откако ќе ја видат содржината.
„Точно е дека СДСМ, дека пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија собираме потписи за свикување на седница на Собранието. Секако станува збор за иницијатива која ќе биде доставена до претседателот на Собранието господинот Талат Џафери. Ставот на нашата пратеничка група е дека Собранието во една таква ситуација треба да биде ставено во функција. Секако сметаме дека за тоа се пропишани и сме во согласност со Уставот на државата, и затоа од таа причина сметаме дека треба да направиме уште еден обид во тој дел“, изкав Костадин Костадинов од СДСМ на денешната прес конференција.