Министерката за финансии Нина Ангеловска на Фејсбук објави статус во кој се наведува дека согласно прелиминарните проценки, нашата земја ќе добие 160 милиони евра помош од ЕУ, за справување со корона кризата.
„Минатата недела испративме формално барање до Европската Унија за користење на инструментот за макро-финансиска стабилност наменет за справување со коронакризата.
Согласно прелиминарната проценка за нашата земја ќе бидат на располагање 160 милиони евра.
Европска солидарност e повеќе од добредојдена во овие времиња “напиша Ангеловска.
Од земјите од регионот, Албанија треба да добие 180 милиони, БиХ 250 милиони, Црна Гора 60, а Косово 100 милиони евра од ЕУ.