ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Во Србија продолжува да опаѓа бројот на заразени и да се зголемува бројот на оздравени

Се намалува и бројот на хоспитализирани во Ковид болниците, каде се сместени 3266 пациенти, од кои со влошена клиничка слика на респиратор се ставени -103 лица.

April 22, 2020 15:06
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Србија досега има евидентирано 7114 заразени лица со корона вирус, 134 починати и 1025 излечени лица, јави дописникот на МИА од Белград.

Во изминатите 24 часа, тестирани се 3.281 лица, од кои бројот на позитивни на вирусот и понатаму се намалува и тој изнесува 224 лица, со што вкупно во Србија со Ковид 19 заразени се 7.114 лица, изјави на владината прес конференција министерот за здравство Златибор Лончар.

Вкупниот број тестирани лица заклучно со денес во Србија изнесува 48.636 лица, а досега се излечени 1.025 пациенти.

Се намалува и бројот на хоспитализирани во Ковид болниците, каде се сместени 3266 пациенти, од кои со влошена клиничка слика на респиратор се ставени 103 лица.

Во изминативе 24 часа регистрирани се четири нови смртни случаи, тројца мажи и една жена, со што вкупниот број на починати се искачи на 134 лица, со процент на смртноста од 1,88 отсто, изјави Лончар.
Се намалува и вкупниот број на здравствени работници кои се позитивни на вирусот во Србија и тој изнесува 622 лица, од кои 420 се наоѓаат на болничко лечење.

Во геронтолошките центри позитивни на вирусот се 493 лица, како и 111 вработени.

Членот на кризниот штаб и директор на Инфективната клиника во Клиничкиот центар во Белград, д-р Горан Стевановиќ, денешните резултати ги оцени како добри, кои влеваат надеж.

-Ова се добри резултати, благодарејќи пред се на мерките. Имаме се помалку заболени, но не смееме да се залажуваме, бидејќи работата сеуште не е завршена. Уште е потребен временски период за да се одржи ваквата состојба, како и понатамошно спроведување на мерките, изјави Стевановиќ.

Премиерката Ана Брнабиќ изјави денес дека по пандемијата со корона вирусот, фокусот на Србија ќе остане на натамошно зајакнување на здравствениот систем, особено на е-здравството и целокупната дигитализација на здравствениот систем.

Денеска и во наредните денови учениците од завршните одделенија прават онлајн проба на малата матура.

Во Србија која се наоѓа во седмата недела од борбата со корона вирусот, денес е на сила полицискиот час кој трае од 18 до 5 часот, а се најавува дека следниот викенд тој ќе биде скратен и ќе трае од сабота од 13 часот до понеделник во 5 часот.

Next Post

Зборот „респиратор“ нема исто значење на англиски наспроти македонски, албански или српски

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk