Мерките дадоа ефект. Бројките покажуваат дека имаме мал број заразени лица што се загрозена категорија или повозрасни и има повеќе оздравени од новозаболени“, рече премиерот Оливер Спасовски на денешната заедничка прес конференција со министерот за здравство Венко Филипче.
Откако ја објави одлуката за намалување на рестрикциите, Спасовски рече дека борбата со корона вирусот сè уште е во својот врв.
Намалувањето на рестриктивните мерки, според него, не смее да значи опуштање туку напротив, дека се зголемува сечија лична одговорност. Тој објави дека при секое излегување надвор строго треба да се придржуваме до мерките за лична заштита,односно носење маска или шал и држење дистанца од два метри.
„Задолжително ќе биде носењето маска, шал или друга заштита на територијата на целата држава од утре. Маските или марамите треба да се носат во јавниот сообраќај, во затворен и во отворен простор, т.е. на пазарите. На отворено маска нема да се носи ако престојувате во двор, ако возите велосипед, спротувате или сте со семејството во возило, рече Спасовски.