Во врска со мејлот што во име на државниот секретар Магдалена Несторовска, беше испраќан до поедници, а за кој се докажа дека е фалсификат позади кој се појавија Унгарски и други фирми, во денешното гостување на Утрински Брифинг, премиерот Оливер Спасовски беше прашан дали постојат структури кои ја злоупотребуваат состојбата за да водат политички војни и што се случува во МВР?
Премиерот Спасовски рече дека ова треба да биде дел од истрагата која ја води МВР и дека постојат две претпоставки.
„Едната е дека хибридните закани на кои е изложена Македонија и тие не се состојби кои треба да не релаксираат, туку напротив кои мора да не држат будни“, вели Спасовски.
Премиерот вели дека тие хибридни напади се можни процеси и институциите во државата мора да градат капацитети за справување со таквите хибридни закани.
„Втората е дека постојат структури внатре во МВР. Постојат и сега одредени сртуктури кои учествуваа и во времето на режимот, кои целосно во тој момент го ставаа МВР во функција на тогашната партија на власт, а повторно се наоѓаат сега околу Министерот Чулев и структурите кои сега раководат со МВР.
Не би сакал да верувам дека во ова време на пандемија некој се обидува на ваков начин да делува од политички аспект и најдобро е да оставиме институциите да ја спорведат истрагата и да го испитаат овој случај за да се покаже од каде се преземаат вакви нелегални активности.“, истакна премиерот Спасовски во гостувањето во Утрински Брифинг
Ј. Ѓорѓиоски