ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Зеќири: Kога ќе престане вонредната состојба ќе започнат да течат роковите за предвремени парламентарни избори

– Да, ДУИ е против. Официјално велат дека не ја виделе иницијативата, но дел од пратениците ако поединечно ги прашате и тоа оние кои не се на пратеничките листи, поддржуваат свикување на итна собраниска седница.

April 22, 2020 15:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Иако Собранието е распуштено, деновиве ситуацијата во законодавниот дом повторно зоврива. Пратениците од парламентарното мнозинство покренаа иницијатива за итна седница, а во  јавноста веќе почна да се шпекулира и за парламентарни избори во јуни. Пратеникот Мухамед Зеќири, во разговор за Слободен печат, вели дека на последната лидерска средба кај шефот на државата партиските претседатели се договориле изборниот процес да продолжи оној момент кога ќе престане вонредната состојба.

Зошто пратеничката група на СДСМ ја покрена иницијативата за свикување на итна собраниска седница?

– Наше е да се обидеме да биде свикана собраниска седница и затоа и формално преку собрани 20 пратенички потписи сакаме да ја покренавме оваа иницијатива и да ја доставиме до претседателот на Собранието. Насловена е како „Предлог на одлука за потврдување на одлуката за постоење на вонредна состојба на територијата на РС Македонија“ и содржи две идентични точки. Се однесуваат на двапати донесената одлука за вонредна состојба од претседателот на државата Стево Пендаровски, поради здравствената криза предизвикана од Ковид 19. Првата донесена на 18 март и втората на 16 април оваа година.

Но веќе во јавноста почна да се шпекулира дека спикерот најверојатно ќе ја отфрли оваа иницијатива. Што потоа?

– Негово ќе биде да одговори. Јавноста тогаш ќе види кој не сака Собранието повторно да биде ставено во функција.

Постои ли друга опција Собранието да биде викано?

– Не нема друга опција за свикување на парламентот, освен тоа да го стори собраниски спикер. Не може со сила да биде свикано. Ние бараме, негово е да донесе одлука Собранието повторно да функционира.

Во јавноста веќе се шпекулира дека наводно СДСМ покренува ваква иницијатива за потоа кога ќе започне да функционира, владејачкото мнозинство да се обиде да го смени од функцијата претседател? 

– Оваа иницијатива нема врска со разрешување на спикерот. ВМРО-ДПМНЕ пуштаат лажни информации само за да сокријат дека не можат да ги контролираат нивните пратеници бидејќи ги нема на пратеничките листи.

Пратениците од ДУИ не го ставија својот потпис врз инцијативата за итна седница?

– Да, ДУИ е против. Официјално велат дека не ја виделе иницијативата, но дел од пратениците ако поединечно ги прашате и тоа оние кои не се на пратеничките листи, поддржуваат свикување на итна собраниска седница.

Се погласни се информациите во јавноста дека во јуни би можело да имаме предвремени парламентарни избори. Дали власта се подготвува за продолжување на изборниот процес?

– Во моментот кога ќе нема вонредна состојба кога таа ќе се укине ќе почнат да течат 24 дена кои останаа до одржувањето на изборите. Така се договорија и лидерите на последната лидерска средба која се одржа некаде во првата половина на март. Затоа велам се ќе зависи од тоа дали ќе има одлука за евентуално нова вонредна состојба. Првата, претседателот Пендаровски ми се чини ја донесе на 16 март, а втората на 18 април. Пратеничките листите остануваат исти, тие веќе се предадени до ДИК и роковите без вонредна состојба ќе продолжат да течат. И тоа не зависи од нас туку од ситуација која ќе ја диктира коронавирусот. Дали изборите ќе бидат во јуни, јули или август, ќе бидат во согласност со здравствената состојба. Претседателите на партиите кај Пендаровски се согласија дека здравјето на граѓаните е пред се.

Next Post

По 10 години падови, конечно напредок во извештаите на ЕК, голем скок во слободите, правата и правдата

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk