ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Делегација на ЕУ најави дополнителна помош од 66 милиони евра за С.Македонија

За справување со последиците од кризата со КОВИД 19 од Делегацијата на ЕУ, велат дека се обезбедени 66 милиони евра, најавени пред неколку недели. Дополнително, велат оттаму, се бара за земјата да се обезбедат 160 милиони евра преку заеми, со цел да може да се справи земјата со фискалните последици. Првата донација од итно потребни материјали во која има и респиратори ќе биде доделена утре

April 23, 2020 15:50
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Делегацијата на Европската унија во државава вели дека генераторите, шаторите, ќебињата, душеците… што вчера беа најавени како поддршка за земјава се обезбедени преку Механизмот за цивилна заштита на Европската унија од каде била побарана помош. За справување со последиците од кризата со КОВИД 19 од Делегацијата на ЕУ, велат дека се обезбедени 66 милиони евра, најавени пред неколку недели. Дополнително, велат оттаму, се бара за земјата да се обезбедат 160 милиони евра преку заеми, со цел да може да се справи земјата со фискалните последици. Првата донација од итно потребни материјали во која има и респиратори ќе биде доделена утре, пренесува МИА. 

–Поради недоразбирањата кои се појавија во врска со помошта од ЕУ за земјата да се справи со ситуацијата со КОВИД 19, Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија сака да ги ажурира информациите за дистрибуцијата на донацијата од 66 милиони евра, објавена пред неколку недели. Четири милиони евра се за итно потребни медицински материјали, а првата испорака, која ги вклучува и толку потребните респиратори, ќе биде направена утре, три милиони евра се за директна буџетска поддршка – процедурите се во тек и ќе се реализира во наредните недели, девет милиони евра се за директна поддршка за мали и средни претпријатија која ќе почне да се реализира на есен, а 40 милиони евра – фондови, исто така, за поддршка на мали и средни претпријатија, но и активни мерки за вработување, за што, како што посочуваат од ЕУ се прават последните договори со Владата, со цел првата транша средства да се префрли во Буџетот по завршување на летото. Исто така, 10 милиони евра се алоцираат за евентуални здравствени и други итни потреби кои можат да се јават во иднина, се вели во соопштението од делегацијата на ЕУ во земјава.

Покрај оваа донација, Делегацијата на ЕУ заедно со вклучените партнери е во процес на подготовка на можно пренасочување на фондовите од тековни проекти кон итни и мерки за заздравување поврзани со КОВИД 19 кризата. ЕУ активира различни механизми за натамошна помош и поддршка на Република Северна Македонија за справување со коронавирус кризата

-Вчера Европската комисија му предложи на Советот на Унијата и на Европскиот парламент да обезбеди 160 милиони евра за макро финансиска помош за буџетот на земјата во форма на заеми за да може да менаџираат со фискалните послеици од кризата. Северна Македонија има право да биде поврзана со Европскиот договор за јавни набавки за медицинска опрема и системот за брза сигнализација на ЕУ за заразни болести. Европската унија е во процес на ослободување на извозот на медицинска опрема во земјите на Западен Балка, вклучително и Северна Македонија, се вели во соопштението.

Како земја партнер, додаваат од Делегацијата на ЕУ, Северна Македонија можеше да побара помош преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, што резултираше со испорака на генератори, шатори, ќебиња, душеци и комплети за хигиена. Покрај помошта од ЕУ, земјата исто така добива и билатерална помош од земји членки на унијата

-Европската унија и нејзините земји членки се најсилниот сојузник и партнер на Северна Македонија во оваа криза. Ние ќе продолжиме да покажуваме солидарност и поддршка во справување со овој заеднички предизвик, се вели во соопштението од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Вучиќ пред утрешниот протест ги одби барањата на студентите: Не прифаќаме ултиматум

June 27, 2025

Рекордни температури и пожари на Балканот, се очекува разладување

June 27, 2025

Синот на норвешката принцеза обвинет за силување и сексуален напад

June 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Над 216 илјади македонски граѓани обезбедиле бугарски пасош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Фрчкоски: Скандалозна некомпетентност на власта, назадуваме по сите линии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петрова: Дискотеката „Пулс“ ја платила глобата за неправилности во готовинските плаќања, запечатен бил кафе-барот на истиот сопственик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски не разбирал што е тоа „модерен“ македонски јазик – предлогот што пратеници од сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ го поднесоа во ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија се заплеткува во лавиринтот на европските преговори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk