ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Димитров: Потебна е регионална и глобална солидарност за справување со пандемијата

По кризата со пандемијата со коронавирусот глобално, рече Димитров, ќе се соочиме со прашањето дали по кризата ќе се разбудиме во свет со национален изолационизам или повеќе глобална солидарност. Она што го правиме сега преземајќи брзи мерки и одлуки во борба со пандемијата, потенцира шефот на дипломатијата, ќе придонесе за нашиот избор глобално по нејзиното завршување.

April 23, 2020 16:38
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

За справување со кризата со коронавирусот и последиците од неа потребна е заедничка реакција и солидарност и на регионално, но и на глобално ниво. Овој предизвик може да го надминеме само заедно. Вирусот не може да биде победен во една земја, а да остане во друга. Тогаш тој ќе се врати и затоа е потребно заедништво, солидарност и усогласени акции, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров на он-лајн видео конференција во ко-организација на Економскиот форум во Делфи и Атлантскиот совет, насловена „Дипломатија во кризни времиња и други алатки за влијание во Југоисточна Европа во време на КОВИД-19“, пренесе МИА.

По кризата со пандемијата со коронавирусот глобално, рече Димитров, ќе се соочиме со прашањето дали по кризата ќе се разбудиме во свет со национален изолационизам или повеќе глобална солидарност. Она што го правиме сега преземајќи брзи мерки и одлуки во борба со пандемијата, потенцира шефот на дипломатијата, ќе придонесе за нашиот избор глобално по нејзиното завршување.

-Мора да ја победиме оваа битка заедно. Вирусот не може да се победи само во границите на една земја. Ако тој биде биде победен во една земја, а не во соседнството ќе се врати. Затоа треба да се справуваме со него во глобална солидарност, рече Димитров.

Тој вели дека она што сака да го види на глобално ниво, сака да го види и во регионот и соседството.

-Она што сакам да го видам во нашиот регион е повеќе заедништво, регионална соработка и усогласување на политиките со нашите пријатели и сојузници. Ако ЕУ на почетокот и требаше време да се разбуди мислам дека нејзината машинеријата дава конкретна помош. Мислам дека колку повеќе сме дел од мерките толку побрзо ќе се опоравиме. Мислам дека и на билатерално ниво кога се соочуаме со заеднички предизвик би требало да го применуваме принципот на заедништво и да го применуваме и во билатералните односи исто така, рече Димитров.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат

July 19, 2025
Марш за ангелите, Кочани. Фото: МИА

Петнаесети Марш за ангелите во Кочани: Родителите ги исвиркаа институциите – никој не може да не сопре да додјдеме до вистината

July 19, 2025
Фото: МИА

Ер трактори ќе го гаснат пожарот помеѓу Желино и Еребино, затворен за сообраќај регионалниот пат Тетово – Скопје

July 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флора имагинариум на Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонското здравство недостигаат 6.000 медицински сестри, тврди Унијата на здруженија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРОВСКА ПРОПАГАНДНА КУЈНА: Туѓото е послатко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk