ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ поднесе барање до Собранието за свикување итна седница

Во документот пратениците наведуваат дека исполнети се условите за времетраењето на мандатот на пратениците за итно свикување на седница и оти не постојат пречки за свикување на седница.

April 23, 2020 11:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Триесет и пет пратеници од СДСМ и нивни колеги од НСДП, ЛДП, Алијансата на Албанците, ДПА, Беса, Алтернатива и пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ претпладнево до Собранието поднесoa барање за свикување итна седница за да се потврдат одлуките за прогласување вонредна состојба поради пандемијата со Ковид-19 од страна на претседателот на државата.

Тие бараат врз основа на член 63 став 4 од Уставот, член 15 став 4 од Изборниот законик, како и врз основа на членовите 67 и 68 став два од Деловникот Собранието од претседателот на Собранието да свика итна собраниска седница со две точки на дневниот ред и тоа потврдување на одлуките на претседателот за прогласување на вонредна ситуација на целата територија на државата од 18 март и од 16 април оваа година.

Во документот пратениците наведуваат дека исполнети се условите за времетраењето на мандатот на пратениците за итно свикување на седница и оти не постојат пречки за свикување на седница.

На седницата која би била свикана Собранието конечно ќе има можност да ја оствари својата уставна надлежност согласно член 125 од Уставот, да ги потврди одлуките за прогласување на вонредна состојба кои ги донесе Претседателот, се наведува, меѓу другото, во барањето.

Собранието, како што стои во барањето „има особена должност и обврска во остварувањето на надзорот и контролата над Владата во вонредна состојба“.

-Имено, со Уставот, при непостоење на дополнително законско ограничување или регулирање на вонредната состојба, е оставен широк простор за постапување на Владата во вонредна состојба преку донесување уредби со законска сила со цел заштита на јавното здравје, а кои воедно задираат и ограничуваат уставно загарантирани права и слободи на граѓаните. Оттука, Собранието не смее да биде лишено или спречено да ја остварува својата уставна надлежност и должност да врши надзор и политичка контрола, се наведува во барањето.

Иницијативата е веќе доставена до претседателот на Собранието Талат Џафери. Засега нема информации како ќе постапи Џафери по добивањето и разгледувањето на Иницијативата, за што исто така нема пропишан рок односно дали ќе ја достави до другите пратеници и дали и кога ќе свика седница.

Тој вчера не сакаше да ја коментира Иницијативата посочувајќи дека сака најнапред да ја види па да се изјасни за неа. Претходно, неговиот став беше дека еднаш самораспуштен Парламент не може повторно да се свикува.

Против оваа иницијатива се изјаснија и од опозоциската ВМРО-ДПМНЕ, а ДУИ остави простор да ја погледне иницијативата па да се изјасни, нагласувајќи дека за ваквите одлуки е потребен општ консензус.

Собранието на Республика Северна Македонија се самораспушти на 16 февруари поради одржување на предвремените парламентарни избори на 12 април,  но тие беа одложени поради ширењето на коронавирусот.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

МЗ: Оздравени се 29 пациенти, нови 41 позитивни на Ковид-19, вкупно досега 1300 дијагностицирани

НАЈНОВО

СДСМ: Во кое својство Орце Ѓорѓиевски го отвори Скопскиот маратон?

October 5, 2025
ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

October 5, 2025

Меџити и архитектот Бајрам Вардар го претставија Мастер планот за Чаир

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Еве 11 домашни суштиски промени за кои не беа потребни децениите кои ги бара Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk