ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Урсула фон дер Лајен: Износот на Фондот за закрепнување ќе биде во „трилиони евра“

Износот и деталите на овој Фонд за закрепнување ќе бидат предмет на економски анализи, но претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, на денешната прес конференција најави веќе дека во прашање се “трилиони евра“.

April 23, 2020 20:39
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерите на ЕУ кои повторно се состанаа денеска преку видеоконференција во обид да постигнат согласност за начинот на кој ќе си помогнат за излез од длабоката криза во која влегува Унијата не постигнаа конкретен компромис, топката е сега кај Европската Комисија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Шефовите на држави и влади на ЕУ беа повикани денеска од ЕУ институциите да разговараат за планот за економско закрепнување, план околу кој постојат длабоки политички и идеолошки несогласувања, главно помеѓу северните и јужните земји на Унијата.

Сепак лидерите успеаја да се согласат да и дадат зелено светло на Европската Комисија за изготвување на план за инвестициски пакет за закрепнување кој ќе биде поврзан за повеќегодишниот буџет на Унијата.

Износот и деталите на овој Фонд за закрепнување ќе бидат предмет на економски анализи, но претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, на денешната прес конференција најави веќе дека во прашање се “трилиони евра“.

Буџетот 2021-2027 на Европската Унија, односно сопствените ресурси на Унијата, исто така сѐ уште не е изгласан. Износот на Фондот за закрепнување ќе зависи и од големината на овој буџет.

Фон дер Лајен посочи дека пакетот ќе биде “мешавина на грантови и позајмици“, што во дипломатските кругови во Брисел се толкува како обид за компромис помеѓу југот и северот, односно оние кои бараат споделување на товарот преку заеднички долг и фискално строгите земји како Германија и Холандија.

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, рече дека е задоволен од денешната средба и дека, во неговите очи, е постигнат важен напредок во однос на усогласувањето на ставовите на 27-те.

-Се договоривме за јасна рамка, ова е огромна криза и важно е да работиме на идната повеќегодишна финансиска рамка, да ја искористиме оваа силна алатка на солидарност, а истовремено да работиме на фондот за закрепнување, јас сум оптимист иако е ова тешко, чувствувам дека има силна политичка волја за градење компромис, изјави Мишел.

Фон дер Лајен, од своја страна, повтори дека кризата сѐ уште не е завршена и дека пикот на инфекцијата сѐ уште не постигнат во сите земји членки на Унијата.

-Последиците од економската криза ќе бидат без преседан во модерните времиња, пандемијата не познава граници, но некои земји се посилно погодени, разликите меѓу земјите членки ќе растат, рече фон дер Лајен.

Таа додаде дека е извесно дека бруто домашниот производ ќе падне во сите земји, но во некои значително повеќе, исто како што одредени сектори ќе бидат попогодени од други, како на пример туризмот.

Според нејзе само буџетот на ЕУ има капацитет да помогне да се надминат разликите и да се зајакне солидарноста помеѓу земјите. Европската Комисија ќе предложи дополнително зголемување на буџетскиот капацитет.

Next Post

Филипче негативен на Ковид-19, останува во самоизолација

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk