Во последниве 24 часа утврдени се 26 новозаболени од Ковид-19. Од нив 11 се од Скопје, 2 од Куманово, 3 Струга, 6 Битола, 1 Гостивар, 1 Виница и 1 од Неготино.Со ова вкупниот број заболени во земјава достигна 1.326 лица.
Последново деноноќие има и еден смртен случај. На Инфективната клиника почина пациент на 80 години од Скопје, со што бројот на починати пациенти позитивни на вирусот се искачи на 57.
Според последните податоци излекувани од коронавирусот досега се 301 пациент.