Наместо 85 часовен целосен карантин, граѓаните ќе имаат можност да го искористат ова саботно пладне пред стапувањето на сила на полицискиот час во 15 часот во сабота (25 април), кој ќе трае до 5 часот наутро в понеделник (27 април).
Движењето е дозволено за сите од 05 часот наутро до 15 часот во сабота.
За возрасните граѓани над 67 години, движењето во сабота е дозволено од 05 часот наутро, до 11 часот претпладне, а за лицата помлади од 18 години забраната за движење не важи во сабота од 12 – 15 часот.
Ограничувањето на движење во недела останува за важи за сите граѓани на државата, освен за лицата со потребна документација, медицински персонал, војската, полицијата и други круцијални работници.