Јон Ајди, млад кантавтор од Скопје, е релативно ново име во музичката сцена, но неговите песни имаат светски призвук. Тој главно користи акустични инструменти, кои ги свири самиот, го пее водечкиот вокал, како и придружните вокали. Двете негови претходни песни, Gentle и Walking the Line of Love, веќе се дел од плеј-листите на радио-станиците низ Балканот, но и Европа.
Повод за разговорот со Јон е неговата најнова песна Waste No Love.
ФРОНТЛАЈН: Пред неколку дена излезе твојата нова песна насловена Waste No Love. Дали може да ни кажеш нешто повеќе во врска со тоа, дали некој учествувал во тој проект, каков е аранжманот, какви сѐ инструменти употреби и нормално доколку имаш нешто твое да додадеш?
ЈОН АЈДИ: Здраво, фала многу за поканата прво, да, пред неколку дена ја промовирав мојата трета песна која се вика Waste No Love, таа песна ја напишав како и сите други песни, јас ги терам до демо верзија кај што додавам тапани, басови и гитари, па после одам во студио и целата ја регистрирам попрофесионално. Во овој случај работев со Ангел Ќосев во неговото студио „Подрумот“, таму и јас свирев на гитари, на електрична и акустична гитара, па ги снимавме заедно сите други инструменти што ги има. Јас пеам, и главниот вокал и пратечките вокали се мои, а мастерингот на крај го направи Бобан Апостолов така што да, тие тројца сме што сме работеле на песната.
ФРОНТЛАЈН: Може ли да ни кажеш како ти се роди љубовта за музиката, колку време свириш, на какви сѐ инструменти свириш, каде се имаш настапувано до сега и дали можеби спремаш веќе некој нов проект?
ЈОН АЈДИ: Можам да кажам дека љубовта за музиката почна од мала возраст, цело време во моето семејство сум бил опкружен со музика, особено поради радиото што е на татко ми, ама релативно доцна почнав да снимам, првин почнав да свирам на гитара на 16 години и тој инструмент го научив сам, односно со помош на Youtube и интернет. Сега во последно време почнав малку повеќе да свирам на пијано, да вежбам, но сѐ уште не е доволно добро така што…
ФРОНТЛАЈН: Каде сѐ имаш настапувано?
ЈОН АЈДИ: Немам многу настапи, сум настапувал во некои ивенти за ЦИВИЛ, на различни емисии, на радија, но се надевам во иднината ќе имам малку повеќе настапи.
ФРОНТЛАЈН: Дали можеби моментално работиш на некои нови проекти и нови песни?
ЈОН АЈДИ: Да, баш вчера бев во студио и веќе е при крај наредната песна така што се надевам дека во мај, средина на мај, ќе ја промовираме и таа песна.
ФРОНТЛАЈН: Кога сме веќе на тема љубовта, гледаме од насловите на твоите песни дека љубовта за тебе е важна тема од која црпиш инспирација. Може ли да ни кажеш од кои сѐ други теми црпиш инспирација и на какви сѐ теми се однесуваат твоите текстови?
ЈОН АЈДИ: Песните што сум ги објавил до сега се вртат околу темата за љубовта, мислам се трудам, затоа што пишувам, цело време се занимавам со тоа и пишувам, можам да речам дека пишувам доволно песни, многу песни, се трудам една на ден да ја завршам така што во тој случај се трудам да земам инспирација од било кои елементи во мојот живот, но да, љубовта е можеби емоцијата од која што можам да извадам малку повеќе сега за сега.
ФРОНТЛАЈН: Во денешно време е тешко да се одреди конкретен правец. Може ли да ни кажеш во кој правец конкретно ја сместуваш твојата музика?
ЈОН АЈДИ: Трите песни кои што до сега сум ги објавил можеби повеќе се вртат околу поп жанрот, но можам да кажам и дека и од другите песни што ги имам напишано не знам како би се дефинирал мојот стил затоа што се трудам да пишувам од различни стилови на музика, тоа ми е најинтересно, се обидувам да земам што повеќе од што поразлични стилови, се надевам во иднина да си имам свој стил кој што би се разликувал од другите.
ФРОНТЛАЈН: За крај дали може да ни кажеш како еден уметник како тебе твори во вакви услови на пандемија?
ЈОН АЈДИ: Не се разликува многу од другите времиња затоа што можам да кажам дека како професија е повеќе терет да сме сами, да работиме, и ние иако има случаи не е толку групна професија како што се другите работи, можеби се малку повеќе, многу повеќе влијание има во приватниот живот отколку што има во професионалниот живот.
Искра Ежова
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети