ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Светски ден на ветеринарната професија

Ветeринарите треба да ја добијат заслужената општествена благодарност поради нивната напорна работа и посветеност кон чувањето на здравјето и благосостојбата на животните.

April 25, 2020 08:13
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

„Заштита на животната средина за подобрување на здравјето на животните и луѓето“ е годинашното мото на Светскиот ден на ветеринарната професија, 25 Април, што се одбележува и во земјава.

-Денес, кога  како човештво сме исправени пред огромните предизвици и опасности од глобалната пандемија со Ковид-19, повеќе од кога било е клучно, докторите по ветеринарна медицина од целиот свет да се обединат на локално и глобално ниво во тежнеењето да одговорат на сите предизвици и да дадат придонес кон Едното здравје, да продолжат да обезбедуваат високо квалитетни здравствени услуги, да ги штитат здравјето, благосостојбата на животните и јавното здравје и особено преку својата научно-истражувачка работа, заедно со колегите од хуманата медицина, да спречат во иднина закани од овој тип, наведува Ветеринарната комора на Северна Македонија во дописот по повод Светскиот ден.

Поради неможноста Денот да се одбележи на посоодветен начин, Комората повикува на професионално единство и соработка во сите аспекти на делување, како и на промена на перцепцијата и валоризација на ветеринарно-здравствената дејност.

-Ветeринарите треба да ја добијат заслужената општествена благодарност поради нивната многу одговорна, напорна работа и посветеност кон чувањето на здравјето и благосостојбата на животните, на здравјето на луѓето и животната средина, истакнува Комората.

Светскиот ден на ветеринарната професија е воспоставен во 2000 година од страна на Светското здружение за ветеринари (WVA) и се слави секоја последна сабота од април. Целта на Светскиот ден  е да се промовира ветеринарно-здравствената дејност и да се работи на подобрување на здравјето и благосостојбата на животните и човекот, животната средина, безбедноста на храната и заштитата на јавното здравје.

Се проценува дека во моментов ширум светот има околу 1,8 милиони доктори по ветеринарна медицина. Тие се иницијатори и едни од главните носители на глобалниот концепт „ЕДНО ЗДРАВЈЕ“ што подразбира интегралност и неодвоивост на здравјето на луѓето од здравјето на животните и зачувувањето на  животната средина. Затоа и укажуваат на потребата од интегрален пристап кон мерките за заштита на севкупниот живот на Планетата.

Next Post

Меѓународен Црвен Крст: На државите им е потребна операција како Маршаловиот план по Втората светска војна

Shortcut

Најново

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

СДСМ со обвинувања за скандал без преседан: Државата се откажа од заштитата на Арабати баба-теќе во Тетово

June 12, 2026

Награди на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: „Страв и надеж“ на МНТ – најдобра претстава, „Црнила“ со пет награди

June 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk