ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Во едно од жариштата во Франција, пронајдени антитела само кај 26% од тестираните

Резултатите од оваа студија сугерираат дека колективниот имунитет нема да се воспостави брзо.

April 25, 2020 12:48
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Епидемиолошка студија спроведена од Институтот Пастер во средното училиште во Крепи-ан-Валоа во Оаз, кое се наоѓа во епицентарот на епидемијата Ковид-19 во Франција, откри дека 26 отсто од наставниците, средношколците и нивните семејства имаат антитела против вирусот. Ниво кое според истражувачите е целосно недоволно за да се оправда и најмало опуштање, јави дописникот на МИА.

Според детали од оваа студија, 41 отсто од средношколците, наставниците и вработените кои работат во ова училиште биле заразени со новиот корона вирус за време на епидемија во февруари-март. При испитувањето беа употребени тестови за откривање за антитела. Но, само 11 од блиските на средношколци (родители, браќа и сестри) имаат антитела против САРС-КоВ-2.

Ова е далеку од 60 до 70 отсто очекувани кај општата популација за да се има доволен групен имунитет за да се запре епидемијата, под услов антителата да бидат навистина заштитнички од корона вирусот и дека тој имунитет трае најмалку неколку месеци.

-Немаме сигурност во однос на заштитната природа на антителата, вели професорот Арно Фонтане, првиот автор на студијата и раководител на единицата за епидемиологија на појави на болести во Институтот Пастер во Париз.

Во случајот со епидемијата САРС, која започна во Кина во раните 2000-ти години, студиите открија дека 10 отсто од пациентите после 12 месеци повеќе немале антитела.

Резултатите од оваа студија сугерираат дека колективниот имунитет нема да се воспостави брзо. Особено со оглед на тоа што „другите региони на Франција се скоро непогодени од епидемијата“ и не се во контакт со овој вирус, додава научникот.

Сепак, тој забележува дека има „позитивни ефекти од затворањето врз забавувањето на епидемијата: училишните празници во февруари и затворањето во Оаз (кое започна на 1 март, пред неговото проширување на цела Франција на 17 март) значително го намали движењето на вирусот во неделите кои следуваа“.

Студијата, беше спроведена од 30 март до 3 април во средно училиште во Крепи-ан-Валоа во Оаз, поврзано со кластер на случаи на инфекција Тестирани биле 661 лице – средношколци, наставници, вработени кои работат во установата, како и родители, браќа и сестри на средношколци. Вкупно 171 (25.9 отсто) од тестираните биле позитивни на серологија со тест на крвта. Стапката на инфекција е слична и кај двата пола.

Заразувањата внатре во семејството не се појавуваат толку често: ризикот да бидат заразени во домот се зголемува од 9 на 17 отсто за родителите ако ученикот бил заразен, а од 3 на 21 отсто за браќата и сестрите ако средношколец бил заразен. Девет отсто од родителите биле заразени кога средношколците не биле, што дава проценка за циркулацијата на вирусот кај возрасната популација во Крепи-ан-Валоа. Стапката беше само 3 отсто кај донатори на заразена крв во две блиски крвни банки.

Од заразените 5,3 отсто биле хоспитализирани (на возраст од 49 години во просек во споредба со 18 години кај оние кои не се хоспитализирани) и нема смртни случаи.

-Средношколците се поблиску до возрасните за нивниот капацитет да го пренесат вирусот отколку децата, вели професорот Фонтане.

Користени се три серолошки тестови, изработени од Институтот Пастер, кои се „многу ефикасни“, со „помалку од 1 отсто на лажни позитивни страни“, подвлекува Бруно Хоен, коавтор на студијата и директор на медицински истражувања во Институт Пастер.

-Тие претходно беа тестирани на примероци од банка на крв, датирани од 2018 и 2019 година, кога новиот корона вирус не циркулирал во Франција, вели професорот Фонтанет.

Меѓу симптомите, студијата потврдува дека инфекцијата е пронајдена кај 84,7 и 88,1 отсто од луѓето кои го изгубиле чувството за мирис и вкус. Најмалку 17 отсто од заразените немале симптоми.

Инфекцијата ги погоди помалку пушачите (7,2 отсто) од непушачите (28 отсто) во оваа студија, потврдувајќи ги претходните набљудувања на многу ниска стапка на пушачи кај пациенти хоспитализирани со Ковид-19.

-Но, пушачите, во случај на зараза, ризикуваат да имаат повеќе компликации од болеста„Ковид-19 “, предупредува професорот Фонтане.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Костадин Костадинов на ФБ

Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

July 17, 2025
Daniel Paz

Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

July 17, 2025

Велика Британија планира да ја намали возраста за гласање на 16 години во рамките на изборната реформа

July 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk