ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Дијабетичарите како ранлива категорија во време на пандемија, со повеќе предизвици

Дијабетичарите се соочуваат со повеќе предизвици во време на пандемијата со Ковид-19 со оглед дека како ранлива катергорија нивното излегување надвор е ризично, а од друга страна како дел од справувањето со болеста е потребата токму да бидат излезени на отворено за да имаат умерената физичка активност со движењет и пешачење со цел да се намалат калориите во организмот.

April 26, 2020 09:49
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Дијабетичарите се соочуваат со повеќе предизвици во време на пандемијата со Ковид-19 со оглед дека како ранлива катергорија нивното излегување надвор е ризично, а од друга страна како дел од справувањето со болеста е потребата токму да бидат излезени на отворено за да имаат умерената физичка активност со движењет и пешачење со цел да се намалат калориите во организмот. Клара Сандева, претседателка на тетовското здружение „Диабет Полог“ вели дека со членовите деновиве главна преокупација им е како да се изведе потребното вежбање и на тој начин да дијабетичарите самите да си помогнат во намалувањет на нивото на шеќерот во крвта.

Докторката Русанка Штакле потенцира дека исто така внимателноста при исхраната кај дијабетичарите е еден од клучните фактори за правилно нивелирање на нивото на шеќерот во крвта и одржување на здравјето. -Кај дијабетичартите најважна е правилна диета. Да не поткленуваат на промени, сега при ваква состојба кога се повеќе дома, па да консумираат поголема количина на храна. Со седење дома нели се смета дека повеќе се јаде, но важно е да се избегнуваат тестенини, благи работи и друго што најмногу го зголемува шеќерот. Потребно е дијабетичарите да се хранат по иста шема како досега – со дијабетична диета од 1.300 калории. Три пати на ден леб по 50 грама, ручекот богат со зеленчук, овошје 3 пати по 100 грама и физичка активност со домашни вежби, советува тетовската докторка.

Таа препорачува движење надвор но само под одредени околности.

-Тие се ризична група и треба да избегнуваат контакти со луѓе. Се што е посочено како мерки треба да се почитуваат од страна на дијабетичарите, а особно тоа да не седат во групи. Физичката активност дома треба да биде насочена со лесни вежби, да не се оптоварува организмот зошто и тоа прави проблем. Да им биде како релаксација дома, да биде дел од надминување на стресот. Ако се земјоделци, кај кои таквата работа се смета дека е позасилена физичка активност, да бидат внимателни или да ја намалат дозата на терапија, вели д-р Штакле.

Докторката објаснува дека движењето помага на тој начин што така се троши вишокот на калории и се намалува нивото на шеќер во крвта. Важен дел од справувањето со дијабетот е примањето редовно на инсулинската терапија.

Клара Сандева потенцира дека пешачењето лично најмногу и помага кога во нормални услови има доволно време да биде на отворено.

-Еден дијабетичар најмалку што треба да помине надвор е 45 минути во текот на денот, јас барем така се обидувам со пешачење тоа да го постигнам. Исто така со внесување на витамини и минерали, како Д3, замена за сонцето. Со пешачење се намалува на нивото на инсулин во телото. Правилно апсорбирање на инсулинот, оди преку физичката активност, човек кога ќе се замори и пешачи го троши тоа ниво на шеќер кое го исфрла панкреасот во телото, значи го исфрла по крвта и тогаш доаѓа до ниво на висок шеќер. Кога пешачиме нивото на шеќер се троши и доаѓа до нормализација на шеќерот во крвта, вели Сандева.

Во здружението на заболени од дијабет „Диабет Полог“ членуваат околу 700 дијабетичари. Проценките се дека во тетовскиот регион има над 7500 лица кои боледуваат од дијабет.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат

July 19, 2025
Марш за ангелите, Кочани. Фото: МИА

Петнаесети Марш за ангелите во Кочани: Родителите ги исвиркаа институциите – никој не може да не сопре да додјдеме до вистината

July 19, 2025
Фото: МИА

Ер трактори ќе го гаснат пожарот помеѓу Желино и Еребино, затворен за сообраќај регионалниот пат Тетово – Скопје

July 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флора имагинариум на Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонското здравство недостигаат 6.000 медицински сестри, тврди Унијата на здруженија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРОВСКА ПРОПАГАНДНА КУЈНА: Туѓото е послатко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk