Момчето кое што беше уапсено минатата недела затоа што го шеташе својот миленик за време на полициски час, повторно беше уапсено од страна на полициски службеници, бидејќи се шетал за време на полициски час, овој пат без својот миленик.
Според медиумите, станува збор за истото момче. Пред една недела на социјалните мрежи се појави видео снимено од граѓанин, во кое се гледа како група полициски службеници лишуваат од слобода момче кое држи во раката куче.
Од видеото може да се забележи дека акцијата ја спроведува Единицата за интервентна полиција. Единицата за интервентна полиција настана со спојување на единиците- за јавен ред и мир, за асистенции и спровод и на „алфите“. Единицата, односно нејзините припадници се надлежни за остварување на работни задачи во посеопфатно и потемелно одржување на јавниот ред и мир, пред сѐ во делот на ефикасно спротивставување на сите облици на уличен криминал, особено кога е во прашање лоцирањето, справувањето и лишувањето од слобода на опасни, вооружени лица.