Ивица Бисоски, од јануари назначен за командир на ЕСЗ Тигар при МВР од страна на министерот Наќе Чулев е на видео снимката која пред два дена се појави на интернет а на истата се гледа дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повторно е во фитнес центар.
Во кое својство командирот на единицата Тигар го придружува Мицкоски во фитнес центар, прашуваат од СДСМ?
@MickoskiHM денеска пак у теретана со бодигарди!
Синоќа плачеше, загрижен за зеравјето на граѓаните, загрижен од коронавирусот и ете го наредниот ден пак ги прекршува мерките оди во теретана која отвара само за него! наќе уште спиеш или ќе почнеш са работиш?! pic.twitter.com/GRpA6nHcn4
— Лазар (@sluzhbenik) April 25, 2020
„Недоговорното и несериозно однесување на Христијан Мицксоки за време на сериозна здравствена криза предизвикана од коронавирусот е одамна потврдено и тоа не е нешто ново.
Лагите на Мицкоски исто така. Заштитните ракавици и маски кои се гледаат на снимката како и облеката по кратки ракави води кон заклучок дека времето не е така одамна.
Но, објавената видео снимка отвора и сериозни дилеми за улогата на кадрите на Наќе Чулев.
Дали заедно со Мицкоски во финтес центарот е и Ивица Бисовски командирот на Единицата за специјални задачи Тигар, поставен од техничкиот министер Наќе Чулев?
Во кое својство Бисовски го придружува Мицкоски во фитнес центар?
Граѓаните очекуваат одговори зошто во време кога сите капацитети на полицијата треба да бидат ставени на располагање на граѓаните кадрите на Чулев се во функција на Христијан Мицкоски?“, велат од владеачката СДСМ.