МИНИСТЕРОТ за здравство, Венко Филипче најави дека МЗ и КЗБ денеска до Владата ќе поднесат предлог санкционирањето за неносење заштитна опрема.
ОД денеска ќе се врши етапна исплата на пензиите на шалтерите на банките, според висината на пензијата.
МОМЧЕТО кое што беше уапсено минатата недела затоа што го шеташе својот миленик за време на полициски час, повторно беше уапсено од страна на полициски службеници, бидејќи се шетал за време на полициски час, овој пат без својот миленик.
ГЕРМАНСКИОТ министер за труд Хубертус Хајл најави дека ќе предложи закон со кој ќе се заштити правото на работа од дома и по завршување на пандемијата со Ковид-19, доколку постојат технички услови за тоа.
ВРЕМЕТО во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец.
СООБРАЌАЈОТ на патиштата се одвива по претежно суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.