Претседателот на СДСМ Зоран Заев во овој момент вели дека не гледа причина за лидерска средба која ја најави претседателот Пендаровски, а претходно ја побара Христијан Мицкоски.
Заев во интерјвуто за „Независен весник“, истакнува дека институциите делуваат сосема соодветно за справување со кризата, а тоа го потврдуваат и граѓаните и релевантните меѓународни претставници и нагласува дека навистина не е важна политичката кариера на лидерот на опозицијата, важни се граѓаните.
„Затоа така и треба да се однесуваме. Прво здравје и живот, после политика.“, подвлекува Зоран Заев во интервјуто за „Независен весник“.