– Поминаа точно три години од 27 април 2017. Знам дека многумина овој ден го паметат по насилство, страв и неизвесност за животот на пратеници, новинари и вработени во законодавниот дом. Знам дека тој ден на работ беа нашите животи, но и нашата земја, вели Зоран Заев во интервјуто за „Независен Весник“, прашан за 27 април и дали лузните на лицето се тие кои сега најмногу го потсетуваат на моментите кога можел да го изгуби животот.
„Добро е да се потсетиме колку далеку ВМРО-ДПМНЕ може да оди во својот порив за власт и на што сѐ се подготвени. Лекциите ги научивме, да не беше така немаше денес да бидеме членка на НАТО. Сигурен сум дека македонските граѓани нема да дозволат да се повтори тој крвав 27 април.“, одговори лидерот на СДСМ Зоран Заев.