Предлогот за тридневен првомајски карантин на владина седница. Министерот за здравство, Венко Филипче заедно со епидемиолозите, со предлог до Владата за мерки за уште еден празничен викенд и форматот на ограничувањата на движење.
Од денеска почнува лекувањето на заболените од Ковид-19 со крвна плазма и озонотерапија. Озонирањето на крвта е метода што се користи за третманот пред сè за најтешките пациенти. Станува збор за метода, со која се озонира една одредена количина на крвта која се вади и потоа таа се враќа во неговата циркулација.
Акцизата не донесе ценовен шок, напротив, нафтата поевтини за 4 денари. Опозицијата отиде до таму и најави ценовен шок и обвини дека одлуката ќе падне врз товарот на граѓаните и фирмите.
Денешната одлука на регулаторната комисија беше спротивна вест, новите цени се олеснување за сите возачи во земјава.
Транспортерите на протест – наместо зголемена акциза бараат да се воведе прогресивен данок. Според Макамтранс, протестот ќе биде согласно со сите мерки за безбедност кои се во сила со оглед на состојбата со коронавирусот поради којашто се намали обемот на работа и во патничкиот и во товарниот превоз.
Лани 25 работници загинале на работните места. Меѓународната организација на трудот од 2003 година го назначи 28 април за Светски ден за безбедност и здрваје при работа, со цел глобално спречување.
Со почеток во 10.30 часот во истиот парк во Општина Лисиче, ќе бидат засадени 25 дрвца на повреди и професионални заболувања на работното место.
Сончево и топло со умерена локална облачност.
Во Косово првпат повеќе излекувани одошто заразени од Ковид-19 во еден ден. Петмина од новозаразените се од општина Призрен, тројца од Лепосавиќ, двајца од Подујево и по еден од Приштина и од други шест косовски општини.
Француските научници ќе го испитуваат влијанието на никотинот врз Ковид-19. Испитувањето ќе биде спроведено врз група здравствени работници и пациенти, кои ќе носат никотински фластери, како и врз група луѓе кои ќе добијат плацебо фластери.
Во Иран починаа над 700 луѓе кои со метанол се лекувале од Ковид-19. Според иранското Министерство за здравство во периодот од 20 февруари до 7 април починале 728 луѓе од труење со алкохол, додека нивниот број минатата година изнесувал – 66.
УЕФА издвојува по 4,3 милиони евра на секоја федерација.