ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Адеми: Лажна вест е дека е донесена Уредба за продолжување на школската година

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми на својот фесјбук профил објави дека на интернет се појави фотографија од фалсификуван документ, на кој како Уредба донесена од Владата се вели дека продолжува школската година за 2019/2010 за сите основни и средни училишта.

April 28, 2020 11:04
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми на својот фесјбук профил објави дека на интернет се појави фотографија од фалсификуван документ, на кој како Уредба донесена од Владата се вели дека продолжува школската година за 2019/2010 за сите основни и средни училишта.

 

 

Од утринава по групите на социјалните мрежи почна да кружи информација, наводно уредба со законска сила донесена од Владата на седница што се одржала вчера дека сите основни и средни училишта ќе ја продолжат учебната 2019/2020 година на 18 мај, под посебни услови.

Во лажната информација беше наведено дека Владата го задолжува МОН да изготви протоколи за безбедно продолжување на учебната година и во координација со директорите на училиштата да обезбеди да се преземат превентивни мерки за заштита од корона вирусот и наставниот час наместо 45 да трае 30 минути.

За потсетување, од МОН и Владата веќе изјавија дека по ова прашање ќе се расправа дури по Првомајските празници.

Учениците од своите другари и наставници годинава ќе се простат преку разните платформи кои нудат онлајн настава. Министерот за образование, Арбер Адеми рече за Алсат дека до овие моменти не било дискутирано за можното враќање на наставниот процес во училиштата. Додаде дека тоа зависи од мислењето на експертите во соодветните области, објави Алсат М.

„Сега не би можел да кажам дали во текот на учебната година можат да се вратат учениците во училиште бидејќи тоа зависи од мислењето на  експертите, особено од епидемиолозите и евентуалните ризици со кои можеме да се справиме како општество, а особено децата. Затоа, уште повеќе кога имаме во предвид дека уште малку остануваат до крајот на учебната година, што значи дека таквата одлука ќе се заснова на мислењето на експертите од областа, епидемиолозите и истото ќе се разгледува во Влада, а ќе се земаат во предвид сите околности“, вели Адеми.

Министерството за образование и наука интензивно работи на тоа како ќе се организира школската година. Од страна на Комисијата на зраразни болести има подготвено препораки не само како да се организира наставата туку и друи едукативни курсеви, симпозиуми, со одржување дистанца, информираше на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче пред два дена.

„Треба заедно сега во оваа следна фаза со претставници на МОН сето тоа се го споделиме, да се кажат нашите аргументи, со цел во периодот што доаѓа ние да бидеме спремни за следна учебна година, или како и да се одлучи да може да се одвива наставата на соодветен начин. Не како досега со оној густ распоред за седење, не само за овие институции туку и за јавниот превоз, и за фабриките и за рестораните…“, нагласи Филипче.

И.Т.З.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

12: Стабилно плато на заболување, „од кај му сила на копукот?“, Борисов за македонскиот јазик, антивирусна супстанција од Кина...

НАЈНОВО

Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

October 5, 2025

Расел ја освои ГН на Сингапур во Ф1, Мекларен ја одбрани титулата во конструктори

October 5, 2025

Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk