ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Двајцата насилници ја признаа вината за навредите и тепањето на 21 годишната штипјанка

Видеото на кое се гледа насилството беше објавено на социјалните мрежи на 2 април, по што полицијата веднаш ги лоцираше момчињата, а судот во два наврати им определи мерка притвор.

April 28, 2020 13:22
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Двете момчиња кои навредуваа и тепаа 21 годишна девојка во влез на станбена зграда, а насилството го снимале на мобилниот телефон денеска пред судот изразиле каење и вина за стореното дело.

Нивниот бранител, Валентин Зафиров по денешното судско рочиште во штипскиот Основен суд истакна дека имале фер судење, а очекува и фер пресуда. Неговите клиенти се спремни и да ја обештетат оштетената, а ветиле и во иднина да не прават вакви или слични кривични дела.

-Се случило во момент на неразбирање. Свесни се за последиците. Тоа е тоа, праќаат јасна порака дека во иднина ниту тие ќе прават такво нешто, ниту би посакале било кој друг да го прави тоа, вели Зафиров.

Тој се надева дека притисокот од јавноста за овој случај нема да влијае, а судијата одлуката ќе ја донесе во рамките на она што се случувало во судницата.

Бранителката пак на жртвата, Билјана Андонова по денешното судско рочиште рече дека очекувано било обвинетите да признаат вина, а во вакви услови согласно Кризвичниот законик не се изведуваат докази. Најави дека на 30 април е веќе и закажано рочиште за објавување на пресудата. Очекува строга казна без оглед на тоа што обвинетите ја признале вината.

-Согласно Конвенцијата на Советот на Европа или многу добрата позната на јавност истата Истанбулска конвенција се предвидени отежнителни околности во вакви случаи, посебно ако се има во предвид дека цела јавност беше вклучена во овој спор и се вклучи во одбрана на жртвата. Станува збор за жена, односно девојка, така да очекуваме висока казна, без оглед на олеснителната околност што обвинетите признаа вина, вели Андонова.

Прашана во каква состојба е девојката, истакна дека не сака дополнително да ја виктамизира жртвата, но е во лоша состојба, а од страна на НВО „ЕХО“ од Штип и е дадена целосната поддршка.

Настанов се случил во месец јануари, но видео снимката беше објавена на социјалните мрежи на 2 април, по што полицијата веднаш ги лоцираше момчињата, а судот во два наврати на барање на обвинителот им определи мерка притвор.

Судијата пресудата за сторителите на кривичното дело „насилство“ ќе ја објави во четврток, а казната затвор за ваквите дела се движи од шест месеци до пет години. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Мали измени во полицискиот час за првомајскиот викенд

НАЈНОВО

Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

October 5, 2025

Расел ја освои ГН на Сингапур во Ф1, Мекларен ја одбрани титулата во конструктори

October 5, 2025

Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk