На Светскиот ден за безбедност и здравје на работа им оддавам чест на сите мои колеги здравствени работници кои се во првите борбени редови против коронависусот. Тие несебично се грижат за сите нас и се борат за секој живот, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
„Граѓаните секогаш да носат заштитна опрема, да имаат навремена и искрена комуникација со своите лекари. Безбедната и здрава средина е важна за секое работно место. Во услови кога светот се бори со коронавирусот е повеќе очигледно дека мерките за безбедност можат да спасат многу животи. Апелирам уште еднаш до сите работодавачи и работници целосно да ги спроведуваат протоколите за безбедност, посочува“, вели Филипче.
Тој им порачува на здравствените работници да бидат особено внимателни на работните места.